Connect with us

Струмица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА РАДОВИШ КАЈ ВАСИЛЕВО

Avatar

Published

на

Едно лице загина, а уште десетмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи вечерва околу 19 часот на магистралниот пат Струмица Радовиш,  на влезот кај селото Василево.
Имено во 18.48 часот на регионалниот пат Струмица – Радовиш (на влезот во селото Василево) , ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа помеѓу 2 патнички моторни возила. 1 лице е починато на лице место, а 10 се потешко или полесно повредени.

Според првичните и засега неофицијални информации едно од возилата превезувало мигранти и се движело со голема брзина. Најверојатно,  бегајќи од полицијата прво удрило во другото возило во кое се наоѓал сега веќе загинатиот, а потоа излетало од патот по што удрило во ѕид.  Покрај полицијата и екипи на итната медицинска помош, на терен беше и екипа на противпожарната единица.

Во интервенцијата учествуваа шестмина пожарникари . За да бидат извадени повредените,  пожарникарите користеле и специјални хидраулични алатки.  Од СВР СТрумица ја потврдија информацијата, а детали за несреќата најавија по завршувањето на увидот.

За време на увидот патниот правец кон Струмица неколку часа беше во целосен прекин, а сообраќајот се насочуваше по стариот пат преку селото Добрејци.

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Лишени од слобода три лица од струмичко, агресивно се однесувале кон полициски службеници

Avatar

Published

на

На 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе