Connect with us

Македонија

Се забранува посета на гробишта на Задушница, кога се слави споменот на починатите

Виолета | Media Press

Published

on

Анализите покажуваат дека во овој момент, има неколку локации низ земјата каде има брзо ширење на вирусот и кластери кои се настанати најчесто како резултат на непочитувањето на пропишаните мерки истакна на вчерашната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, обрзложувајќи ги причините за новиот полициски час.


„Групирање на граѓаните на семејни собири и прослави, неносење на заштитна опрема, непочитување на мерките од страна на компании за превоз и организација на работата и други слични прекршувања, се главните причини за брзиот раст на новозаболени во Скопје, Кумановско-липковскиот регион, Тетово со околните општини,  Штип и околината“, изјави министерот Филипче.


На прес-конференцијата, министерот Филипче потенцираше дека заради спречување на дополнително ширење на вирусот во критичните региони, но пред сè заради спречување евентуално ширење на вирусот надвор од овие региони, Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето.


„Се воведува целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од четврток (4 –ти јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 – ми јуни) до 05:00 часот наутро. Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 – ти јуни) од 21:00 часот до петок (5 – ти јуни) до 05:00 часот наутро. Значи во останатите градови, во петок, сабота, недела забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро. Петок (5 – ти јуни) се прогласува за неработен ден за сите граѓани. Во периодот од четврток (4 – ти јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 – ми јуни) до 05:00 часот, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен во случај на погреби“, рече министерот Филипче.

Македонија

Филипче: На денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека  на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и дека во изминатите четири месеци тој и колегите во Комисијата за заразни болести се целосно посветени да обезбедат препораки, закони и протоколи со кои ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

„Протоколите кои досега ги подготвивме за повторно отворање на бизнисите и нормализирање на животот по нови правила, се покажаа многу ефикасни. Се докажа дека со почитување на овие протоколи за лична заштита од коронавирусот, целосно е безбедно да се пазари во маркет, да се оди на работа или да се користи јавниот превоз. Тоа е едноставно нашата нова реалност и нов начин на живот“, рече министерот Филипче.

Идната седмица се одржуваат предвремените парламентарни избори. Министерството за здравство, во соработка со другите институции, изготви сигурен и ефикасен пртокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласање.

Continue Reading

Здравје

Филипче: Кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче, на прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја, за состојбата во болниците, подготвеноста на капацитетите за следниот период, се осврна на анализите од Институтот за јавно здравје за изминатите недели, како и на состојбата во регионот.

„Во изминатите десет дена кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот, во соседните земји. Светската здравствена организација извести дека 60% од случаите од 10 милиони инфицирани со КОВИД-19 ширум светот се регистрирани во месец јуни. Ова потврдува дека насекаде има нов бран, кај нас дојде нешто порано и мислам дека многу рано го детектиравме. Сега се јавува во сите земји од нашето опкружување и тоа е директна последица на попуштањето на рестриктивните мерки и на непочитувањето на мерките за лична заштита“, потенцираше министерот Филипче.

Состојбата во светот, исто така потврдува дека првичните предвидувања на светските здравствени авторитети дека вирусот во текот на летото ќе исчезне – практично не се остварија.

„Во последните денови, светската статистика говори дека има пикови на новозаразени и починати и тоа е уште една потврда дека вирусот е тука. Ќе остане очигледно подолго време, а ние мора да бидеме подготвени. Мора да го подготвуваме здравствениот систем, да ги почитуваме мерките за лична заштита, да се навикнеме на новата реалност, што значи продолжување на сите нормални активности, но со почитување на мерките за лична заштита. Исто така мора да прифатиме дека оваа реалност можеби ќе трае и подолго од тоа што првично сите земји во светот го очекуваа“, изјави министерот Филипче.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје од 20 до 28 јуни споредено со претходната недела, во нашата земја регистрирани се 303 помалку нови случаи со КОВИД-19, со помалку смртни случаи, 216 повеќе оздравени пациенти. Изминатата недела има вкупно околу 860 случаи, што е значајно помалку од 1.000 случаи во просек претходните три недели, што значи и минатата недела инциденцата е нешто пониска. Р0 Факторот на преносливост во изминатите десет дена, два до три дена е само над единица – 1,1, целиот останат период е околу 0.9.

Continue Reading

Економија

Од денеска незначителни промени на цените на горивата кои важат од синоќа на полноќ

Виолета | Media Press

Published

on

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, соопшти Регулаторна комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,980 ден/кг.

Continue Reading