Македонија
Состојба со Ковид-19 вирусот во Македонија до денес
Published
4 години agoна
By
Media PressСпоред официјалните податоци од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје заклучно со вчерашниот ден 03.06.2020 во Македонија вкупно 2,492 позитивно дијагностицирани лица со вирусот Ковид-19.
Од вкупно 2492 лица дијагностицирани лица, регистрирани како излечени се вкупно 1,605 лица и 145 лица се регистрирани починати од Ковид-19.
Според возраста, позитивно дијагностицираните лица се поделени на 7 групи:
Возрасни групи | заболени | Процент | Починати | Процент |
0-9 години | 101 | 4.34% | 1 | 0.69% |
10-19 години | 119 | 5.12% | 0 | 0% |
20-29 години | 290 | 12.47% | 2 | 1.38% |
30-39 години | 410 | 17.63% | 2 | 1.38% |
40-49 години | 420 | 18.06% | 14 | 9.66% |
50-59 години | 479 | 20.59% | 33 | 22.76% |
60 години | 507 | 20.80% | 93 | 64.14% |
Водејќи се по официјалните бројки од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, Скопје има 987 регистрирани лица позитивни на Ковид-19, излечени се 554 случаи и починаа 37 лица. По број на позитивни и излечени случаи после Скопје доаѓа Куманово со 481 позитивен 391 излечен пациент. Тетово има 236 регистрирани случаи, 131 излечен пациент и 23 починати.
Регистрирани лица | Излечени пациенти | Смртни случаи | |
---|---|---|---|
Скопје | 987 | 554 | 37 |
Куманово | 481 | 391 | 24 |
Тетово | 236 | 131 | 23 |
Прилеп | 213 | 168 | 15 |
Велес | 133 | 95 | 10 |
Штип | 111 | 33 | 2 |
Струга | 90 | 52 | 20 |
Дебар | 51 | 47 | 4 |
Кочани | 41 | 29 | 2 |
Гостивар | 32 | 18 | 3 |
Битола | 28 | 23 | 2 |
Охрид | 24 | 17 | 0 |
Демир Капија | 7 | 7 | 0 |
Крива Паланка | 6 | 6 | 0 |
Кавадарци | 6 | 4 | 1 |
Пробиштип | 5 | 2 | 0 |
Неготино | 5 | 2 | 0 |
Радовиш | 4 | 4 | 0 |
Гевгелија | 4 | 4 | 0 |
Струмица | 4 | 2 | 0 |
Пехчево | 3 | 3 | 0 |
Крушево | 3 | 2 | 1 |
Кичево | 3 | 2 | 0 |
Виница | 3 | 2 | 0 |
Кратово | 3 | 2 | 0 |
Македонски Брод | 2 | 2 | 0 |
Валандово | 2 | 1 | 0 |
Свети Николе | 2 | 0 | 0 |
Демир Хисар | 1 | 1 | 0 |
Делчево | 1 | 0 | 1 |
Беровo | 1 | 1 | 0 |
Состојбата на здравствениот систем, капацитетите на згрижување пациенти, големиот дел слободни болнички кревети, нискиот број заразени здравствени работници, бројот на слободни респираторни машини, познатите кластери, во изминатите неколку денови од анализа на контактите и сите други индикатори, укажуваат дека точно се знае што се случува и надлежните имаат капацитет да се справат и со овој бран на вирусот. Има суштинска работа меѓу првиот и овој бран. Сега има друга состојба – повеќе знаење и ресурси како и сериозно надграден здравствен систем.
Поврзани содржини
МЗ со посебен фокус на превенција и спречување на туберкулозата во земјава, во 2023 се регистрирани 160 новозаболени
Индустриското производстви во декември 2022 во однос на декември 2021 бележи опаѓање
Расте бројот на Ковид- позитивни и во Радовиш, 13 нови случаи во денешната евиденција, во Струмица 47
Регистрирани сe 7.170 оздравени пациенти со што бројот на активни случаи се намали на 13.628
Периодот на изолација за лицата позитивни на КОВИД-19, или кои имале блиски контакти со позитивни лица се намалува на 7 дена
Радовиш досега со најголем број нови случаи на Ковид- 19 за два дена. Дали е резултат на празничното дружење?
Македонија
Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)
Published
5 часа agoна
март 29, 2024By
Media PressЦеновник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.
Македонија
Демократски Сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressВо интерес на објективно информирање, Демократскиот сојуз ја известува јавноста дека не сега, туку пред повеќе од една година, на 13.02.2023 година, ја напуштиле коалицијата предводена од СДСМ.
„Причините за напуштање на коалицијата беа неисполнување на коалицискиот договор и погрешните политики на СДСМ, пред сѐ блокадата на измените на Изборниот законик со кој предлагавме Македонија да биде една изборна единица, противењето на реформи во правосудниот систем, високата криминализација и отсуството на борба против високата корупција, непринципиелната коалиција при реконструкцијата на владата и неводењето сметка за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта, како и блокадата на евроинтеграциските процеси со прифаќање на Преговарачката рамка без поширок граѓански и политички консензуз“ велат од Пертијата.
Инаку, за соработка и заеднички настап на претстојните парламентарни избори Демократскиот сојуз има приоритети меѓу кои се: темелни уставни реформи со донесување на нов Устав (без Бадентер и Балансер), реформи во судскиот систем и реизбор на судиите и обвинителите, изградба на ефикасен систем за борба против корупцијата и формирање Агенција за борба против тешките облици на криминал, вклучување на младите во власта (најмалку 30% во советите на општините и парламентот) и посебни предуслови за отворање на бизнис, реформи на администрацијата (укинување на 50% од министерствата, агенциите, регулаторните тела итн.), намалување на бројот на пратениците на 90, но и Македонија да биде една изборна единица, како круцијален предуслов за демократизација и промена на власта, најавува ДС.
„Во оваа насока се и нашите цврсти партиски определби за полноправно членство во ЕУ, продолжување на реформите во одбраната како членка на НАТО и водење надворешна политика согласно нашите стратешки цели и интереси усогласена со политиките на ЕУ и стратешките партнери, пред сѐ на САД.
Демократскиот сојуз како автентична политичка партија, препознатлива по своите политички ставови и определби е подготвена за парламентарните избори.
До крајот на оваа недела јавноста ќе биде информирана за тоа како и со кои партии ќе настапиме на изборите, но во интерес на државата и граѓаните е да се формира широк промакедонски опозиционен блок, преку кој граѓаните ќе ги поразат погубните и анационални политики на ДУИ и СДСМ“, стои во партиското известување.
Македонија
МЗ со посебен фокус на превенција и спречување на туберкулозата во земјава, во 2023 се регистрирани 160 новозаболени
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media Press„Министерство за здравство посебен фокус посветува на превенција и спречување на туберкулозата во земјава. Секоја година се изготвува Програма во која се содржани превентивни мерки и активности за спречување на туберкулозата во земјава. Како специјалист-инфектолог, но и како министер за здравство свесен за важноста на борбата против туберкулозата верувам ќе придонесеме во создавање услови да бидеме дел од генерацијата која ќе го испише последното поглавје на туберкулозата“, посочи министерот за здравство д-р Илир Демири.
Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел информираше дека нашата држава во последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, така на пример во 2019 година биле откриени 199 нови случаи, а во 2023 се регистрирани 160 новозаболени.
„Сепак, вкупниот број нови случаи за 2023 е благо поголем од трите години на пандемијата со ковид (2020 до 2022 година), што значи дека јазот меѓу пријавените случаи и реалната бројка се стеснува, а тоа е и основна цел на нашите напори во борбата против туберкулозата“, вели д-р Сеад Зејнел.