Радовиш
Продолжува акцијата на ЈП ,,Национални шуми’’ против дрвокрадството
Објавено на
Од
Media Press
ЈП ,,Национални шуми’’ Радовиш во заедничка акција со екипа од Полициската Станица во Радовиш пронашле и одзеле огревни дрва при транспорт кои се нелегално исечени од пределот на градската река на Радовиш.
Според неофицијални извори, се работи за татко и син кои транспортирале околу 1.5 просторни метри кубни огревно дрво без соодветна документација натоварено на запрежна кола.
Транспортот на огревните дрва е спречен од надлежните на улица Плачковица веднаш до турската џамија во Радовиш, дрвата се одземени и предадени во ЈП ,,Национални шуми’’ во Радовиш, заедно со запрежната кола и моторната пила.
Поврзани содржини

ЗДРАВКО ТРАЈАНОВ: Апсолутна клевета, ЈП „Национални шуми“ нема никаква поврзаност со тендери за набавка на огревно дрво во училиштата во Радовиш

Уапсени шест вработени во Национални шуми, си приграбиле 170 илјади евра од продажба на дрва, пресечени но не евидентирани

Kривични пријави против неколку лица кои извршиле бесправна сеча на дрва во радовишко

ООУ „Орце Николов“ од Ињево организира хуманитарна акција во храна и облека ,,Биди хуман за подобро утре”

Заедничка активност на граѓаните од Радичево и Дукатино со локалната власт

Општина Конче денеска ја спроведе акцијата „Генералка викенд“
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

