Македонија

Се затвораат пет конфекции во Штип до понеделник, ќе се тестираат вработените

Министерот за здравство  Венко Филипче информираше, дека  Комисијата за заразни болести ја анализираше состојбата во изминатите денови и статистиката од изминатите две недели.

На локалниот кризен штаб во Штип е донесена  одлука да се затворат пет конфекции до следниот понеделник, за којшто период близу 600 вработени ќе бидат истестирани

„Очигледно е дека и покрај високите бројки на новозаразени, нема пациенти кои се јавуваат во болниците, што значи дека поголем дел се со лесна клиничка слика, кои може да се лекуваат во домашни услови или еден сосем добар дел се асимптоматски носители. Тоа го потврдија епидемиолошките анкети. Во текот на вчерашниот ден направивме детален увид во анкетите во Центарот за јавно здравје во Скопје, каде една поголема екипа практично составена од пет тимови работи на терен во повеќе скопски општини. Има сосем доволен број на болнички кревети и кадар во болниците, респираторни машини“, потенцираше министерот Филипче.

Во однос на кластерите во државата, министерот оцени дека, за Скопје, околу 70 проценти од сите нови случаи се од веќе познати кластери, пред сè од општините Чаир и Сарај каде интензивно се работеше изминатите денови.

„Денеска, веќе во Сарај нема голем број на новодијагностицирани, има само двајца. Останува интензивна работата во населбата Чаир. Тука работат овие тимови од Центарот за јавно здравје коишто ги спомнав и денеска интензивно се работи освен во Чаир и во Студеничани, од каде што се овие луѓе, коишто денеска се анкетираат и за кои резултати ќе има во текот на утрешниот ден. Во Штип, новодијагностицираните пациенти се околу оние пациенти претходно дијагностицирани, вработени во неколку конфекции. Екипа од Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, денеска, престојува во Штип, со цел да направи увид во работата на Центарот за јавно здравје. На локалниот кризен штаб, кој го води градоначалникот беше донесена одлука да се затворат пет конфекции до следниот понеделник, за којшто период близу 600 вработени ќе бидат истестирани, а тие во меѓувреме нема да претставуваат ризик за другите луѓе со кои работат. Исто таква активност во смисла на посета и анализа на работата на Центарот за јавно здравје, екипа од Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство денеска е пратена во Куманово“, изјави министерот Филипче.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago