Македонија
Се затвораат пет конфекции во Штип до понеделник, ќе се тестираат вработените
Објавено на
Од
Media Press
Министерот за здравство Венко Филипче информираше, дека Комисијата за заразни болести ја анализираше состојбата во изминатите денови и статистиката од изминатите две недели.
На локалниот кризен штаб во Штип е донесена
одлука да се затворат пет конфекции до следниот
понеделник, за којшто период близу 600 вработени ќе бидат истестирани
„Очигледно е дека и покрај високите бројки на новозаразени,
нема пациенти кои се јавуваат во болниците, што значи дека поголем дел се со
лесна клиничка слика, кои може да се лекуваат во домашни услови или еден сосем
добар дел се асимптоматски носители. Тоа го потврдија епидемиолошките анкети.
Во текот на вчерашниот ден направивме детален увид во анкетите во Центарот за
јавно здравје во Скопје, каде една поголема екипа практично составена од пет
тимови работи на терен во повеќе скопски општини. Има сосем доволен број на
болнички кревети и кадар во болниците, респираторни машини“, потенцираше
министерот Филипче.
Во однос на кластерите во државата, министерот оцени дека, за
Скопје, околу 70 проценти од сите нови случаи се од веќе познати кластери, пред
сè од општините Чаир и Сарај каде интензивно се работеше изминатите денови.
„Денеска, веќе во Сарај нема голем број на
новодијагностицирани, има само двајца. Останува интензивна работата во
населбата Чаир. Тука работат овие тимови од Центарот за јавно здравје коишто ги
спомнав и денеска интензивно се работи освен во Чаир и во Студеничани, од каде
што се овие луѓе, коишто денеска се анкетираат и за кои резултати ќе има во
текот на утрешниот ден. Во Штип, новодијагностицираните пациенти се околу оние
пациенти претходно дијагностицирани, вработени во неколку конфекции. Екипа од
Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат,
денеска, престојува во Штип, со цел да направи увид во работата на Центарот за
јавно здравје. На локалниот кризен штаб, кој го води градоначалникот беше
донесена одлука да се затворат пет конфекции до следниот понеделник, за којшто
период близу 600 вработени ќе бидат истестирани, а тие во меѓувреме нема да
претставуваат ризик за другите луѓе со кои работат. Исто таква активност во
смисла на посета и анализа на работата на Центарот за јавно здравје, екипа од
Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство денеска е пратена во
Куманово“, изјави министерот Филипче.
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

