Connect with us

Регион

Од 8-ми до 11-ти јуни во сите општини во регионот ќе се врши прскање против комарци по земјен пат

Виолета | Media Press

Published

on

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот започна со третирање на дезинфекција, дезинсекција и дератизација против ларвицидна и адултна форма на комарци по земјен пат. За разлика од претходните години каде што третирањето беше по авионски пат, оваа година за прв пат се донесе одлука за третирање по земјен пат, со надеж дека со овој метод ќе се постигне поголем ефект и превенција.

Предвидено е прскање за возрасни комарци од 8-ми до 11-ти јуни. Во сите општини е прскано веќе по 2 пати ларвицидно.

Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против адултни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха за сите десет општини.

Теренското третирање против ларви од комарци се врши со средство во вид на гранули кои се расфрлаат во плитка застоена вода и ваквото ларвицидно третирање не е штетно за луѓето, пчелните семејства ниту за домашните миленици.

„Пред да се започне со третирање против адултни комарци претходно ќе биде објавено известување од Центарот и општините за точниот датум за секоја општина со цел да се известат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период“, велат од Општина Ново Село.

прикажи повеќе

Избори 2020

Што предвидуват во програмата и што ветуваат Заев и Мицкоски пред граѓаните во регионот

Виолета | Media Press

Published

on

Лидерите на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ,  Зоран Заев и Христијан  Мицкоски кои го посетија Радовиш, на прашањето што да очекуваат граѓаните од регионот одговрија:

Заев: Овој наш земјоделски регион ќе го заштитиме еколошки, ќе ги подигнеме платите а ќе се качуваат и пензиите,земјоделството ќе се унапредува…

Мицкоски: Бизнисмените да очекуваат најнизок данок, вработување на невработените,  поврзување на Конче со Струмица преку Рич и Попчево, 1000 километри локални регионални патни правци, унапредување на земјоделието, инвестиции…

Continue Reading

Регион

Во два дена во струмичко изгореле околу 2 хектари сува трева и грмушки, оштетени се и лозови насади

Александар | Media Press

Published

on

Во два дена во струмичко изгореле околу 2 хектари сува трева и грмушки на две локации. Во пожарите оштетени се и лозови насади. Зачестуваат пожарите на отворено кои најверојатно се поради човечко невнимание или предизвикани со намера. Како што известуваат од ТППЕ Струмица, пожарите се случиле во атарите на населените места Водоча и Баница.

Во петокот околу 14:45 часот во атарот на селото Водоча, ТППЕ Струмица со три ПП возила и шест пожарникари интервенирале на гаснење на запалена сува трева, грмушки и лозови насади на површина од околу 1 хектар. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран.

Ден покасно, во сабота околу 19:30 часот во атарот на село Баница, ТППЕ Струмица со две ПП возила и пет пожарникари интервенирале на гаснење на запалена сува трева и грмушки на површина од околу 1 хектар. Со пламените јазици борбата траела околу 2 часа при што пожарот е успешно локализиран и ликвидиран околу 21:30 часот.

Continue Reading

Регион

14 радовишани ќе бидат казнети заради не почитување на мерката за носење заштита на лице

Виолета | Media Press

Published

on

И покрај казните, граѓаните од регионот продолжуват да не ја почитуваат мерката за носење заштна маска или прекривна на лица за заштита од корона вирус.

За не носење на заштитна маска во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (22/23јуни) по однос на уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 55 лицa направиле прекршок со тоа што не ја почитувале мерката.  Од нив 14 лица  биле евидентирани  на подрачје на Радовиш,  21 на подрачјето на Струмица, , 12 во Гевгелија и 8 во Валандово, Сите овие лица направиле прекршок односно не ја  почитувале мерката за заштитна маска и за нив ќе следуваат соодветни мерки.

 Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се констатирани непочитувања на мерката, информира СВР Струмица.

Continue Reading