Connect with us

Регион

Прва ларвицидна дезинсекција против комарци во Југоисточниот регион на 12 и 13 јули

Avatar

Published

на

Прва ларвицидна дезинсекција против комарци во Југоисточниот регион е најавена за 12 и 13 Јули.

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 12 и 13 Јули 2022 година, во периодот помеѓу 09 – 16 часот ќе се изврши теристичка (по земја) апликација на средство за уништување на ларви од комарци.

На 12 јули  (Вторник), прскањето ке се одвива на подрачјето во општините Валандово, Дојран, Гевгелија, Богданци, Радовиш и Конче;

 А на 13 јули ќе се прска во општините Струмица, Василево, Босилово и Ново село.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Ова е прва ларвицидна дезинсекција од предвидените две кои се планираат да се спроведат на подрачјето на Југоисточниот плански регион. Со еден третман ќе биде опфатена површина од 82 хектари.

Регион

При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 18.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Валандово. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Регион

Извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица, во еден угостителски објект имало присуство на малолетници после 24.00 часот

Avatar

Published

на

На 20/21.01.2024, во времето од 23.00 до 04.00 часот, од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат Скопје била извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство малолетници после 24.00 часот, а во шест угостителски објекти биле констатирани прекршоци по Законот за инспекциски надвор. За констатираните прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прочитај повеќе

Регион

Во спроведена контрола на подрачјето на СВР Струмица биле констатирани 68 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 21.01.2024 во периодот од 14.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 68 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 16 на подрачје на Валандово, 13 на подрачје на Струмица и 5 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 43 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 25 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе