Connect with us

Струмица

Започнаа активностите за уредување на просторот околу манастирскиот комплекс во Водоча

Виолета | Media Press

Published

on

Манастирската црква ,,Свети Леонтиј” во Водоча е еден од најзначајните културно-историски споменици на територијата на општина Струмица. Таа освен што е историски белег на Струмица од 6 век, истовремено е и македонски православен христијански манастир, археолошко наоѓалиште и седиште на Струмичката епархија.

„Токму поради овие причини општина Струмица инвестира во уредување на околината на Манастирскиот комплекс со цел создавање на модерно уреден простор со естетски карактеристики соодветни на значењето на самиот објект.

Целокупниот простор околу манастирот ќе биде амбиентално вклопен со манастирот, поплочен со реден камен, хортикултурно уреден, со заштитни и украсни огради, со парк, шеталиште, осветлување и урбана опрема“, истакна градоначалникот Коста Јаневски при посетата на манастирот во Водоча.

Струмица

Актуелната состојба со заболени од корна вирус во Струмица, повод за одржување состанок на Локалниот совет за превенција

Виолета | Media Press

Published

on

Почитување на законите и протоколите на Владата во пандемија на КОВИД-19, беше темата на одржаниот состанок на Локалниот совет за превенција на кој присуствуваа и сопственици на угостителски објекти и претставници на повеќе државни и општински инспекциски служби и институции во Струмица.

Градоначалникот Коста Јаневски рече дека овој состанок бил свикан поради зголемениот број на заболени со Ковид -19 во Општина Струмица, со цел да се разговара со претставниците на надлежните институции и угостителите  и да се донесат дополнителни  заклучоци и предлози за да се превенира во актуелната сосотојба со корона вирусот. Главен заклучок како што рече Јаневски бил да се преземат по ригорозни мерки и контроли за почитување на мерките за заштита и дополнителни критериуми кој ќе мора да ги почитваат локалите.

Во Струмица, со месеци имаше многу мал број на ново регистрирани случаи на Ковид 19. Во последните петнаесетина дена состојбата се смени ,а бројот на нови случаи значително се зголеми. За неколку дена беа регистрирани и неколку смртни случаи. Од почетокот на пандемијата во Струмица се регистрирани 191 случај од кои 122 се активни.

Continue Reading

Струмица

Ќе се гради експресен пат Струмица – Валандово

Виолета | Media Press

Published

on

Јавното претпријатие за државни патишта ја подобрува патната инфраструктура во регионот. Ќе се гради експресен пат Струмица – Валандово – спој со А1 во должина од 25 километри.

На ден 25.09.2020 година (петок) со почеток во 11 часот во просториите на домот на АРМ ќе се одржи презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за овој проект.

Јавното претпријатие за државни патишта ги повикува сите заинтересирани институции, невладини организации и поединци да присуствуваат на јавната расправа.

Continue Reading

Струмица

Повредени две лица во сообраќајна несреќа која се случи доцна синоќа, на раскрсницата кај Василево

Виолета | Media Press

Published

on

На 20.09.2020 во 00.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А-4 Струмица -Радовиш, поточно на раскрсница за село Василео била случена сообракајна незгода помегу патничко возило „ауди“ со струмички регистерски ознаки, управувано од Ј.В. (18) од село Василево, патнилко возило „бмв“ со англиски регистерски ознаки, управувано од Ѓ.Д. (25) од село Ангелци и паркирана полуприколка „шмитз“ без регистерски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило „ауди“ Д.Ѓ. (20) и Г.Д. (19) и двајцата од село Василево, струмичко, кои биле пренесени во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.  

Continue Reading