Connect with us

Струмица

Општина Струмица ќе субвенционира 229 граѓани кои аплицирале на повикот за купување велосипед

Avatar

Published

на

Во рамките на проектот „Субвенционирање за купување на велосипеди“ и согласно програма за активностите во областа на заштита на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2020, Општина Струмица,  и Градоначалникот Коста Јаневски, објави Јавен повик за  субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2020 година

За  два дена по објавувањето на Јавниот повик, Фондот за субвенционирање за купување нов велосипед е целосно искористен.

„Комисијата ги разгледа пристигнатите апликации и прифатени се вкупно 229, од кои последна прифатена е апликацијата доставена денеска точно во 10:30 часот. Девет барања се одбиени заради нецелосна документација или неисполнување на критериумите“ информираат од општината.
Средствата што Општина Струмица ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

 Право на учество на Јавниот повик имаа жителите на Општина Струмица , кои ќе купат нов велосипед во Република Северна Македонија од 01.06.2020 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30.09.2020 година, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.
  Вработените со потесното семејство во Општина Струмица и трите јавни претпријатија ЈПКД Комуналец, Струмица Гас и ЈП Паркиралишта немаа право на учество на Јавниот Повик.

Од општината најавуваат дека овој проект може да продолжи и наредната година со издвојување на уште поголем износ на средства од општинскиот буџет.

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе