Спорт

Премиер лигата ја продолжува сезоната на 17 Јуни

Англиските клубови во Премиер лигата дојдоа до заедничко решение да ја продолжат сезоната на 17 Јуни. За оваа одлука клубовите ќе чекаат само дозвола од властите.

Шампионатот во Англија беше прекинат на 13 март поради пандемијата на вирусот Ковид-19. До крајот на првенстовото има уште девет кола, а сезоната е одлучено да заврши заклучно со 1 август.

Први средби ќе се одиграат помеѓу домакинот Астон Вила и Шефилд јунајтед, а Арсенал ќе игра во гости кај Манчестер сити.

Распоредот беше објавен на состанокот на акционерите во лигата. Понатамошните натпревари ќе се одржат на 19 и 20 јуни.

На клубовите во Премиер лигата им беше дозволено да спроведуваат тренинзи со контакти. Тие претходно тренираа индивидуално или во помали групи.

Натпреварите може да се играат и во работни денови, а за време на викендот ќе се играат и до четири наптревари.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago