Македонија

Задолжување од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип за граѓаните кои се превезувале со автобуси до конфекциите

ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ – ШТИП ги задолжува сите граѓани кои се превезувале со автобусите од и до текстилната конфекција во која се детектирани поголем број на случаи на лица заболени од Короновирус (COVID-19),  како и граѓаните кои користат ваков тип на превоз, при појава на првите симптоми на болеста (кашлица, главоболка, покачена телесна температура, затнат нос, болка во грлото, треска, губење на чувството за вкус и мирис), ЗАДОЛЖИТЕЛНО да останат во самоизолација и да се јават на својот матичен лекар. Истите, по извршена епидемиолошка анкета ќе добијат упатства за тоа дали ќе бидат тестирани за COVID-19 и кога. Доколку истите бидат тестирани, ќе бидат задолжени да продолжат со самоизолацијата до добивањето на резултати од земаниот брис. Дополнително, од стручните лица ќе добиваат упатства за тоа како да постапуваат.

„Бидејќи, ситуацијата од изминатите неколку денови остава впечаток дека почитувањето на мерките за заштита од овој вирус е на најниско ниво, уште еднаш, ги ЗАДОЛЖУВАМЕ граѓаните истите да ги почитуваат!

Задолжително е одржувањето на хигиената на превозните средства со кои се превезуваат работниците – задолжителна дезинфекција на истите, задолжително е одржувањето на социјална дистанца од 1,5 до 2метра на лицата кои се превезуваат со овие средства од и до своето работно место!

Задолжително е носењето на заштитни маски, а по можност и ракавици!

Во просторијата во која работат поголем број на лица задолжително да го има потребното растојание помеѓу истите, носење на лична заштитна опрема и на работното место, често проветрување на просториите, често миење и дезинфекција на рацете, задолжителна дезинфекција на работните површини и предмети кои се користат при работа, да се избегне групирањето на повеќе лица и за време на паузите за одмор!

Да се редуцира бројот на надворешни лица кои влегуваат во овие објекти!

Олабавувањето на мерките не значи крај на пандемијата на COVID-19, задолжителната примена на овие мерки е најбитен елемент во превенцијата на овој вирус!“ стои во известувањето од Центар за јавно здравје -Штип.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago