Connect with us

Радовиш

Заврши бесплатниот курс по англиски јазик за ученици организиран од компанијата Солвеј, преку рудникот Бучим

Avatar

Published

на

Заврши бесплатниот курс по англиски јазик за талентирани млади ученици организиран од компанијата Солвеј Инвестмент Груп преку рудникот за бакар Бучим во Радовиш.

На почетокот на годината, започна курсот по англиски јазик и им се даде можност на сите пријавени кандидати бесплатно да го усовршат своето знаење по англискиот јазик. Вкупно 17 ученици беа пријавени годинава и го започнаа курсот, од кои 11 останаа до самиот крај на курсот и успешно го завршија.

Заради ново настанатата ситуација, предизвикана од коронавирусот, изучувањето на англискиот јазик продолжи да се одвива преку онлајн настава.  Курсот по англиски јазик се одвиваше без прекин и во изминатите 4 месеци, учениците од Радовиш и Конче покажаа посветеност и интерес кон англискиот јазик и покрај тоа што наставата продолжи да се одвива онлајн.

Изминатите години, доделувањето на сертификатите се одвиваше со церемонија проследена со забава за учениците, но годинава, почитувајќи ги препораките и заштитните мерки, сертификатите се доделени на отворен простор, посебно на учениците од општина Конче и на учениците од општина Радовиш.

За последниот дел од изборниот процес, по завршувањето на курсот по англиски јазик, кандидатите ќе снимаат видео во времетраење од 90 секунди на англиски јазик, во кое тие треба да се презентираат себеси и да ги демонстрираат своите креативни вештини. Жири комисија од Салцбуршкиот фестивал и креативниот тим на Оперскиот камп, заедно со претседателот на управниот одбор на Солвеј Инвестмент Груп, ќе ги изберат шест финалисти – по двајца од секоја земја (Северна Македонија, Украина и Гавтемала), врз основа на нивното покажано знаење по англиски јазик и креативната вештина која што ќе ја прикажат. Најдобрите шест кандидати (по двајца од секоја земја) ќе станат стипендисти и ќе имаат можност за незаборавно патување кое ќе им овозможи да се втурнат во светот на операта, при првата можност по отварањто на границите и кога ќе биде безбедно за патување.

Сите изминатите години, финалистите беа дел од летниот оперски камп во Салцбург, но годинава, поради конорнавирусот летниот камп нема да може да биде реализиран, но сепак овогодишните финалисти на Солвеј ќе имаат прилика за посета на Салцбург, кога ќе биде можно и безбедно за патување.

Претседателот на управниот одбор на Солвеј Инвестмент Груп – Дан Бронштејн преку видео порака им го честиташе завршетокот на курсот на учениците и им вети дека на  финалистите ќе им овозможи да го доживееат незаборавното искуство во Салцбург, откако ќе биде безбедно за патување.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе