Connect with us

Гевгелија

Онлајн ликовна колонија „Спасовден 2020“ ќе биде организирана во Гевгелија

Виолета | Media Press

Published

on

Домот на културата во Гевгелија во пресрет на Спасовден организира online Ликовна колонија „Спасовден 2020“.  Во колонијата учествуваат 17 ликовни уметници од Гевгелија, членови на ДЛУГ, кои го прифатија повикот на Домот на културата за организирање ликовна колонија во услови на пандемијата од Корона вирусот.

„Секој од уметниците работи дома, а организаторот го обезбеди материјалот за работа (платно и палета од 15 акрилни бои). Изработените слики остануваат во сопственост на ЈОУ Дом на култура, чија обврска е да ги изложи во постојана изложбена поставка во Народниот театар во Гевгелија“, информираат од општината.

             Завршната изложба на Ликовната колонија „Спасовден 2020“ е закажана за 27 мај, 2020 година, кога пред Народниот театар изработените дела на 17-те гевгелиски уметници ќе бидат изложени за јавноста, се разбира, согласно мерките за заштита од Корона вирусот и одржувањето на социјалната дистанца. Истовремено, на една од фасадите спроти Театарот, ќе биде прикажан документарниот филм, кој се работи за време на траењето на колонијата и творењето на уметниците дома. 

Во меѓувреме Општина Гевгелија продолжува со акцијата за помош на стари и изнемоштени лица. Во соработка со УНДП  за имплементација на активности и поддршка, во рамките на проектот „Креирање можности за работа на сите“, од општината го продолжија договорот за ангажирањето на мобилна екипа која помага на стари и изнемоштени лица околу купување храна, лекови или плаќање на сметки за домаќинство. Старите и изнемоштени лица доколку имаат потреба од помош, можат да се обратат на телефонските броеви: 078/348-960 и 078/423-799.

Гевгелија

Гевгеличанка уапсена поради прекршување на самоизолација

Александар | Media Press

Published

on

31 годишна гевгеличанка е уапсена на базен во Гевгелија од страна на полициски службеници. Причина за лишувањето од слобода е прекршувањето на одлуката на Владата за самоизолација

„На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија, која не се придржувала на одлуката на Владата и решението за самоизолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

По комплетирање на случајот, за А.Г. ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик. Известен е Јавен обвинител, а лицето било спроведено во државен карантин.“ – Стои во соопштението од МВР

Continue Reading

Гевгелија

Побегнал пациент од дворот на Невропсихијатриска болница Негорци

Виолета | Media Press

Published

on

Случајот го пријавил лекар од Невропсихијатриска болница. Имено на  21.06.2020 околу 18 часот  во Полициската станица Струмица, лекар од Невропсихијатриска болница Негорци пријавил дека од дворот на болницата побегнао лицето  З.В.(39) од Штип, кој во болницата бил пренесен од Затвор од Штип, каде претходно издржувал затворска казна.

Полициската станица Гевгелија презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading

Гевгелија

Пронајдени 142 мигранти во камион, двајца гевгеличани заработија кривични пријави

Александар | Media Press

Published

on

Регионалниот центар за Гранични работи Југ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“ поднесе кривична пријава против  Б.А.(40) и К.Ѓ.(27) двајцата од Гевгелија.

„На 10.06.2020 околу 05:40 часот од страна на мото-патролни служби на Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин Богородица на автопат Гевгелија –Скопје, било забележано товарно возило „ман“ со бугарски национални ознаки и приклучно возило, како се движело со голема брзина.

Потоа мото-патролата се упатила кон товарното возило со цел да го запрат, а кај стариот пат од с.Милетково кон с.Габрово возачот го сопрел товарното возило и избегал.“ – Стои во соопштението од МВР

При преглед над товарното возило биле пронајдени 142 мигранти и биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. 

Continue Reading