Connect with us

Радовиш

Возобновен изворот посветен на Света Петка, во манастирскиот комплекс Свети Ѓеоргиј

Виолета | Media Press

Published

on

Во состав на  преубавиот манастирски  комплекс Свети Ѓеоргиј во Ораовица се наоѓа и светата изворска вода Света Петка.   Речиси нема верник кој го посетил манастирот  да не се упатил по тесната планинска патека, низ густата шума, кон  изворот Света Петка и да не се помолил за здравје за душевен мир и спасение. Ктиторот на манстирот Свети Ѓеоргиј Николајчо Николов, по чија заслуга целосно е реконструиран манстирскиот комплекс, со посебен повод се погрижи да се реконструира и  изворот Света Петка, со изградба на нов кров над чешмата, нови икони  и клупи за седење.  

Овој манастир по многу претпоставки датира уште од 12-13 век. Се претпоставува дека одтогаш датира и оваа света вода.

 Во дворот на манастирот „Св Ѓорѓи“ се наоѓаат темели и ѕидови како остатоци кои припаѓаат на една стара манастирска црква,која била еднобродна и по се изгледа припаѓала на XIV век. На јужниот ѕид постојат трагови од фреско живопис. Во 2011г. стариот манастир е срушен и целосно е реконструиран,со што во октомври истата година е извршено поставување на камен-темелник на новата манастирска црква,  ктиторско дело на  Николајчо Николов со неговото семејство, а наредната година во ноември, манастирот е осветен.

Со доградбата на манастирскиот конак, до 2015 година се изградија и осветија манастирската црква, камбанаријата и манастирскиот конак. Со реконструкцијата на изворот Света Петка целосно се заокружи овој прекрасен манастирски комплекс благодарение на несебичната подршка на ктиторот Николајчо Николов. Изворот посветен на Света Петка, има големо значање за жителите од овој крај.

Радовиш

ЦЕФЕ Македонија реализира тридневни обуки во Радовиш за претрпиемништво и бизнис планирање

Виолета | Media Press

Published

on

 Во рамките на проектот “Креирање на центри за претприемништво во Источна Македонија“ во Радовиш  се реализира тридневни  обуки за претприемништво и бизнис планирање. Обуките  се одржуваат во организација на ЦЕФЕ Македонија, а под покровителство на американската амбасада во Скопје.Главна цел на овие обуки е да ги обучи  младите и да им даде знаења  за започнување самостоен бизнис.

Главан цел на овие обуки е да ѓи обучи и да им даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис“, рече Пр. Д-р Оливера Ѓоргиева Трајковска, декан на Економски факултет во Штип.

Обуките се наменети за сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, средношколци, невработени, како и лица со помалку можности!

На обуката по претприемништво,  се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање, се до креирање на бизнис план.

„Според досегашното искуство и направените истражувања, ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години се реализира, покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции и отварање на нови работни места. Околу 45% од учесниците на овие обуки отвориле сопствен бизнис“, вели Емилија Митева Кацарски професор на Економски факултет при УГД -Штип

Младите кои на крајот од обуките се стекнаа и со  сертификат за претприемништво и бизнис планирање, задоволно од ваквите обуки кои им  овозможуваат да ги остварат своите бизнис идеи.

Continue Reading

Радовиш

Жител на Радовиш пријавил во полиција дека исчезнала неговата малолетна ќерка

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска, жител на Радовиш пријавил дека ја нема неговата малолетна ќерка, а неговите сомненија се дека таа заминала со друго малолетно лице од Радовиш.

„На 27.09.2020 во ОВР Радовиш, Џ.Ј.(42) од Радовиш пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, тој се сомнева дека таа е со друго малолетно лице од Радовиш. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

Continue Reading

Радовиш

Советот на Општина Радовиш ги изгласа Предлог одлуките за одобрување на настава со физичко присуство на ученици

Виолета | Media Press

Published

on

По завржувањето на 45 итна седница на која беше избран нов претседател, Советот на Општина Радовиш вчера ја одржа и 46 – итна седница со единствени точки на дневниот ред донесување на Предлог- одлуки за одобрување на  физичко присутво на настава на ученици во новата учебна година.  Седницата ја водеше новиот претседател  Викица Манолева која го даде на усвојување дневниот ред за кој беа предвидени 7 точки.

Предлог- одлуки за одобрување на настава со физичко присуство на ученици од 4 до 9 одделение во ООУ Никола Карев од Радовиш, Крсте Петков Мисирков од Радовиш,  Коста Рацин од Подареш, Орце Николов од Ињево и Кирил и методиј од Ораовица. Како и предлог одлука за одобрување на настава со физичко присуство на учениците во СОУ Коста Сусинов во Радовиш.

Советникот Бојан Митевски уште еднаш го потенцира значењето на овие предлог одлуки кои биле повод за нивна иницијатива за свикување на седниците. Итноста на овие точки ги потврди и советникот Ристе Спасов од СДСМ и Трајче Ивановски од ВМРО- ДПМНЕ.

Советниците едногласно ги усвоија сите предлог одлукиза физичко присустви на настава во новата учебна година. Седницата ја следеше и градоначалникот Герасим Козулов.

Continue Reading