Connect with us

Регион

Започна реставрацијата на манастирот во Вељуса со грант од САД

Avatar

Published

на

Грант од 100.000 долари од Амбасадорскиот фонд на Соединетите Американски Држави доби Заводот за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица во октомври минатата година за комплетна заштита на Манастирот „Св. Богородица Милостива (Елеуса)“ во Вељуса кој потекнува од 11 век и е единствената градба во земјава која ја презентира византиската сакрална архитектура.

Средствата од овој грант ќе се искористат за целосна конзервација на повеќеслојниот фреско-живопис во манастирот и фреско-конзерваторите ќе работат на откривање на постарите слоеви на фрескоживописот кои потекнуваат од 13 и 14 век. Комплетна заштита на црквата „Елеуса“ опфаќа и надворешната фасада, интервенции на кровот и конзервација на мозаикот.

Амбасадорскиот фонд за заштита на културно наследство е основан од Конгресот на САД во 2011. Тоа е единствена американска државна програма која обезбедува директна поддршка со грантови за проекти за заштита на културното наследство низ светот.

„Комплетната заштита на манастирот со овој грант треба да заврши до октомври 2021 , но со оглед на ситуацијата со пандемијата од коронавирусот и други административни процедури, сигурно проектот ќе се пролонгира за уште една година. Досега малку се работеше на фреско-конзервацијата, но работата беше стопирана бидејќи треба да се направи најпрвин надворешна фасада и интервенција на кровот за да не дојде во иднина до оштетување на фреските во внатрешноста ако се појави влага. Во тек е изработка на проект за санација на кровот и земање на примероци од фасадниот малтер за да се направи соодветна конзервација. Со завршувањето на вонредната состојба се започнува со активно работење на проектот“, изјави Јасмина Пијанманова, Претседател на управен одбор на Завод и музеј – Струмица

Регион

При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 18.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Валандово. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Регион

Извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица, во еден угостителски објект имало присуство на малолетници после 24.00 часот

Avatar

Published

на

На 20/21.01.2024, во времето од 23.00 до 04.00 часот, од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат Скопје била извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство малолетници после 24.00 часот, а во шест угостителски објекти биле констатирани прекршоци по Законот за инспекциски надвор. За констатираните прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прочитај повеќе

Регион

Во спроведена контрола на подрачјето на СВР Струмица биле констатирани 68 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 21.01.2024 во периодот од 14.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 68 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 16 на подрачје на Валандово, 13 на подрачје на Струмица и 5 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 43 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 25 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе