Connect with us

Македонија

Спортските терени, обложувалниците, моловите, автошколите ќе работат по посебни протоколи

Виолета | Media Press

Published

on

Владата информира за Протоколите кои произлегуваат од втората фаза од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, усвоен со вчерашната одлука на 51-вата седница на Влада, според кои ќе мора да работата спортските терени, обложувалниците, моловите, автошколите одржување на седници и состаноци и друго. 

ПРОТОКОЛ ЗА ТРЕНИНГ НА СПОРТИСТИ ВО ПОЕДИНЕЧНИ СПОРТОВИ

1. Организацијата на тренинзите е дозволена единствено во спортски објекти кои можат да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 5м помеѓу секој спортист, односно да е обезбеден простор од 20м2 по спортист со организација на тренингот за најмногу 5 лица вклучително и еден тренер со минимален број на технички лица (најмногу две лица)
2. Во спортскиот објект да се обезбедат сите санитарно хигиенски  услови
3. Да се воспостави евиденција за тренингот со податоци за спортистите, тренерот, асистентот и други лица потребни за тренингот заради лесно следење на контактите
4. Тренинзите се организираат по претходно направен распоред за време на тренинзи со список на спортисти и тренери
5. Пред почеток на тренингот се прави термален скрининг  и се забранува тренинг на лице со покачена температура и истото се отстранува
6. Во случај на потреба на здравствен работник на тренингот при близок контакт со здравственото лице мора се користат заштитни маски, ракавици и визир од страна на здравствениот работник
7. Спортистите и тренерите доаѓаат на тренинг поединечно со свое возило и опрема и во опрема за тренинг со што се избегнува користење на соблекувалните
8. Во текот на тренингот се препорачува растојание од 5м помеѓу секој спортист и тренер како минимално растојание
9. Тренингот да се обавува на отворен простор
10. По завршување на тренингот опремата за тренинг и реквизити се дезинфицираат со средство кое е 70% на база на алкохол
11. Тренинзите во контактните спортови се препорачува секогаш да се одвиваат  по принцип „ист спортист со ист тренер“
12. Секој спортист мора да има сопствено со име  обележано шише со напитоци
13. По завршување на тренингот спортистите и тренерот заминуваат дома поединечно без туширање и без влегување во соблекувалните почитувајќи ги мерките за физичко растојание, еден по еден.

 ПРОТОКОЛ ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТА НА УПЛАТНО-ИСПЛАТНИ МЕСТА НА ПРИРЕДУВАЧИТЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА

 
1. Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени на уплатно – исплатните места.
2. Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните играчи во просторијата.
3. Влез со маски за сите играчи
4. На масите поставени на уплатно-исплатните места има само по две столчиња
5. На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата
6. Средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувалниците и на пултовите за уплата
7. Шанковите во рамките на уплатните места се без можност за послужување на пијалоци
8. Задолжително редовно вршење на дезинфекција на маси и столици и остаток од инвентар со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот
9. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини
10. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

ПРОТОКОЛ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ СОСТАНОЦИ, ОБУКИ, КУРСЕВИ И СЕМИНАРИ

1. Времетраењето се ограничува на најмногу 6 часа, со задолжителна пауза на секои 2 часа;
2. Пред почеток на средбата, учесниците задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да не присуствуваат;
3. Се ограничува бројот на учесници согласно просторот со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците од 1,5 – 2 мм, но не повеќе од 30 лица;
4. Организаторите, предавачите и учесниците задолжително да носат заштитни маски;
5. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете;
6. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол);
7. Просторијата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите;
8. За време на паузите се забранува групирање на присутните;
9. По завршување на настанот, просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини.
10. Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак.

 ПРОТОКОЛ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СЕДНИЦИ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ И КОНФЕРЕНЦИИ

1. Ограничен број на учесници до максимум 30 лица согласно просторот со цел да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2м
2. Учесниците задолжително да носат заштитни маски
3. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете
4. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол)
5. Просторијата почесто да се проветрува, пожелно за време на часовите и задолжително во текот на паузите
6. За време на паузите да се забрани групирање на присутните
7. По завршување на настанoт просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини
8. Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак.

ПРОТОКОЛ ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТА НА МОЛОВИ

1. Ограничено/скратено работното време (10:00-18:00) /затворени во недела
2. Регулирање на влезот на лица во затворениот продажен центар од страна на овластено лице, така што да не се дозволи групирање на луѓе во ходниците, така што ќе се дозволи по едно лице  на 5m2.
3. Ограничување за лицата над 65 години, со можност за пазарување до 12 часот
4. Задолжително носење на заштитни маски и ракавици на вработените
5. Задолжително носење на заштитни маски на купувачите
6. Одржување на физичко растојание меѓу купувачите и меѓу купувачите и продавачите од 1,5m – 2m
7. Поставени на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена. Дополнително, преку разглас (на секои 30 минути) информирање на купувачите за почитување на овие превентивни мерки
8. Регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, на 8m² – 10m² продажен простор, по еден купувач
9. Задолжително одредено лице од фирмата пред влезот на продавницата да го организира редот и бројот на купувачи
10. Пред влезот на продавницата обезбедено средство за дезинфекција на рацете
11. Во продавниците за облека забрането пробување на облека – да се даде можност за пробување дома со можност за замена на купената облека
12. Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу касите во редот.
13. Пред касите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2m меѓу купувачите
14. Засилени санитарно-хигиенски мерки, односно зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
15. Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

ПРОТОКОЛ ЗА  РАБОТА НА ШКОЛИТЕ ЗА ОБУКА НА ВОЗАЧИ

1. Задолжително користење на заштитна маска од страна на кандидатот и инструкторот  при обука на терен со возило
2. После секоја обука на поединечен кандидат, задолжителна е дезинфекција на внатрешноста на возилото
3. Организирање на теоретска настава во училница со почитување на мерките за физичко растојание помеѓу клупите од 1.5м-2.0м и задолжително носење на заштитни маски од слушателите и предавачот
4. Поставени средства за дезинфекција пред влез во училницата и редовна дезинфекција и одржување на хигиената и проветрување по секое одржано предавање
5. Три лица е максималниот број лица во возилото при спроведување на полагањата на кандидатот со носење на задолжителна заштитна маска на сите лица во возилото

Избори 2020

Чулев: МВР има капацитети да спроведе мирни фер и демократски избори

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев  вели дека МВР има капацитети  предвремените  парламетнарните избори кои ќе се одржат на 15-ти јули да бидат мирни, фер и демократски. И покрај тоа што овие избори се специфични и се одвиваат во време на пандемија и ќе траат три дена.

Министерот Чулев нагласи дека цврсто стои зад определбата истите да се спроведат со највисоко ниво на професионалност и неселективност од страна на полициските службеници и апелираше тие да постапуваат со еднаков пристап кон секој што ќе ги прекрши законските одредби, независно од неговата етничка или политичка определба.

Критичните точки каде во изминатите изборни циклуси биле евидентирани изборни нерегуларности се мапирани и како што најавува Чулев истите ќе бидат покриени со зголемени полициски сили.

Continue Reading

Македонија

Се уште висок број на заболени од Ковид – 19, 7 починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19. Новозаразените се во овие градови:-Скопје 71, Куманово 15, Дебар 1, Штип 10, Прилеп 5, Тетово 20, Струга 3, Велес 1, Битола 3, Охрид 10, Гостивар 14, Пробиштип 4, Македонски Брод 1, Кичево 2 и во Ресен 5 лица.

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино. Ова пред малку го соопшти министерството за здравство преку Фејсбук.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583.

Continue Reading

Македонија

Новинарите и медиумските работници стравуваат од вирусот, но и од губење на работата

Виолета | Media Press

Published

on

Пандемијата силно ја погоди медиумската индустрија во земјава. Новинарските куќи се принудени да носат тешки одлуки: Kој ќе остане, а кој ќе си оди? Новинарите, пак, се соочуваат со финансиски, психолошки, социјални, но и етички и професионални проблеми повеќе отколку пред пандемијата. Двајца медиумски работници досега ја загубија битката со коронавирусот, што покрај стравот за економско-социјалната безбедност го зголемува нивото на страв кај медиумските професионалци кои секојдневно при извршувањето на своите редовни работни задачи се ставаат во ризик од заразување. На 62% од медиумските работници начинот на работа за време на пандемија, им влијае на мнеталното здравје.

Ова се дел од заклучоците извлечени од истражувањето на Синдикатот на новинари и медиумски работници направено во текот на јуни на репрезентативни 150 испитаници, вработени во различни медиуми. Загрижува фактот што дури 30% од анкетираните одговориле дека познаваат некој што останал без работа за време на корона пандемијата. Седумнаесет проценти од медиумските работници одговориле дека им била намалена платата. Помали плати пристигнале на трансакциските сметки кај дваесет и пет од анкетираните . На седуммина платата им била скратена за 30%.

Заради интервју со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски бев казнет со 15% од плата еден месец”.

Ова е одговор на новинар кој бил казнет на своето работно место, поради сработеното. Градоначалникот излезе позитивен, па потоа негативен на коронавирусот, а новинарот заработил небулозна казна за која речиси никој и не разбра. Причините останаа непознати. Најголемиот страв на сите граѓани го делат и медиумските работници. Губењето на изворот на егзистенција. Овој шок бил приреден на четворица медиумски работници кои останале без работа во најголемиот пик на пандемијата. Промените со коронавирусот се одразија на сите полиња. Четириесет и пет проценти oд испитаниците одговориле дека им е потребна заштитна опрема и сега и во следниот период, додека 22 посто дека сопствениците не им обезбедиле заштитна опрема.  Медиумските работници се жалат и на намалување на квалитетот на животот. Дури 62% одговориле дека овој начин на работа им влијае врз менталното здравје .

Три месеци работам втора смена до 23 часот навечер за да готвам, чувам деца и да учам со нив додека дојде сопругот”, вели една новинарка.

Новинарите се во макотрпна битка во вителот на лажните вести, се троши последниот атом енергија за да се дојде до точни и навремени информации. Најчестите одговори на испитаниците во врска со транспарентноста на институциите се дека во текот на ковид кризата голем дел од прашањата до институциите останувале неодговорениДополнително, во обид да ги заштитат граѓаните од дезинформации, ја губат силата да се изборат во сопствениот “двор”. Се наѕира канонада од тешки удари врз работничките права. Насекаде. Новинарите веќе гласно бараат помош од синдикалната организација, истакнува Синдикатот.

Continue Reading