Connect with us

Гевгелија

ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија започна со акцијата за обезбедување дополнителни количини на вода за пиење

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Гевгелија информира дека Одделението за водовод при „Комуналец“ врши реконструкција на каптажите на „Лунгур“ и „Лешки“ кај населеното место Кованец, со цел жителите на населеното место Негорци да добијат дополнителни количини на вода за пиење од изворите на реката Кованец. Со започнатото реконструирање на каптажите, ќе се реши водоснабдителниот проблем со кој се соочуваат жителите за време на летната сезона.

  „ Со ваквите зафати ќе се настојува во населените места да се зголемат капацитетите за снабдување со вода. Како што е познато, Советот на Општина Гевгелија, по иницијатива на месните заедници Конско и Ново Конско, побара од ЈПКД „Комуналец“ да ја преземат надлежноста околу стопанисувањето со водоснабдителните системи во овие населени места, а од страна на Јавното претпријатие се очекува повратна информација до наредната седница на Советот. Тоа би значело поорганизирано и поквалитетно водоснабдување и надминување на проблемите со недостигот од вода за време на летниот период, истакна градоначалникот на општина Гевгелија“, Сашо Поцков.

прикажи повеќе
Advertisement

Гевгелија

Скопјанец се обидел да прошверцува над 200 мигранти

Виолета | Media Press

Published

on

За помалку од еден месец откриени три шлепери полни со мигранти. Последниот случај е регистриран синоќа околу полноќ во близина на базата на Македонија пат кај Гевгелија. Имено синоќа во атарот на селото Стојаково полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција- Југ при Бирото за јавна безбедност забележале товарно возило со скопски регистарски ознаки, кое се движело по земјен пат од селото Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци.

Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Гевгелија

Гевгеличанка уапсена поради прекршување на самоизолација

Александар | Media Press

Published

on

31 годишна гевгеличанка е уапсена на базен во Гевгелија од страна на полициски службеници. Причина за лишувањето од слобода е прекршувањето на одлуката на Владата за самоизолација

„На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија, која не се придржувала на одлуката на Владата и решението за самоизолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

По комплетирање на случајот, за А.Г. ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик. Известен е Јавен обвинител, а лицето било спроведено во државен карантин.“ – Стои во соопштението од МВР

Continue Reading

Гевгелија

Побегнал пациент од дворот на Невропсихијатриска болница Негорци

Виолета | Media Press

Published

on

Случајот го пријавил лекар од Невропсихијатриска болница. Имено на  21.06.2020 околу 18 часот  во Полициската станица Струмица, лекар од Невропсихијатриска болница Негорци пријавил дека од дворот на болницата побегнао лицето  З.В.(39) од Штип, кој во болницата бил пренесен од Затвор од Штип, каде претходно издржувал затворска казна.

Полициската станица Гевгелија презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading
Advertisement