Connect with us

Радовиш

Започна асфалтирањето на уште еден поголем дел од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица

Виолета | Media Press

Published

on

Започна асфалтирањето на уште еден поголем  дел од регионалниот пат кон планината Плачковица  во должина од 7 километри. Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, денеска беше во посета каде што се одвиваат градежните работи околу реконструкцијата на регионалниот пат. Пред две години беа реконструирани 3 колометри на делот од т.н. место Шумска куќичка кон градот Радовиш и  со овој зафат од 7 , ќе бидат реконструирани вкупно 10 километри.  

За реконструкција на овој дел од патот кон планината Плачковица,  според градоначалникот Конзулов е обезбедена финасиска подршка од 35 милиони денари. Конзулов рече дека во наредниот период следуваат уште неколку  проекти за реализација пред се во областа на инфраструктурата.

Претседателот на Советот Коле Чаракчиев кој заедно со градоначалникот Конзулов ги посети градежните кативности, изрази благодарност до ЈП за Државни патишта за подршката за овој проект.

Дневно се асфалтираат од 300 до 400 метри и се очекува за 20 -тина дена да заврши  реконструкцијата. Дотогаш се апелира до граѓаните да избегнуваат да патуват кон планината Плачковица во временскиот период од 09 до 17 часот кога се изведуваат градежните активности.

Радовиш

Изграден новиот паркинг простор за потребите на училишниот и општинскиот линиски превоз во Општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Заврши изградбата на новиот паркинг простор за потребите на училишниот и општинскиот линиски превоз во Општина Радовиш, со што конечно  се решава проблемот со паркирањето на комбињата на такси превозниците кои вршат превоз на патници и ученици од населените места од општината. Со паркингот кој го изгради Општина Радовиш со сопствени средства, се зголемува безбедноста во сообраќајот и заштитата на учениците.

Такси превозниците, сеуште го користат паркинг просторот  пред Здравствениот дом во Радовиш, за што често беа критикувани дека го окупираат паркингот наменет за вработените во здравствениот дом и за пацинетите.

 Неколку пати беа и преместувани на други локации, покрај реката и пред спортската сала, но тоа не им одговараше на патници и повторно се враќаа на паркингот пред Здравствениот дом во Радовиш.

Тие деновиве прашуваат од кога ќе можат да го користат новоизградениот паркинг, притоа поздравувајќи го овој потег на општината и на градоначалникот Герасим Конзулов што конечно им се решава проблемот со паркирањето.

Од Општината велат дека се потребни некои завршни активности околу обележувањето на паркингот и истиот наскоро ќе можат да го користат превозниците за потребите на училишниот и локалниот линиски превоз

Со изведбата на паркингот кој е во непосредна близина на СОУ „Коста Сусинов“ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот пред училиштето и заштитат учениците кои користат организиран училишен превоз, а сепак е во близина и на здравствениот дом за што најчесто имаат потреба граѓаните кои доаѓаат од населените места.

Continue Reading

Радовиш

Повредени припадници на армијата во сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип

Виолета | Media Press

Published

on

Утринава  околу седум часот на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, се случила сообрачајна несреќа во која учествувале автобус и комбе.

Станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на Армијата, кои од своите градови патувале на работните места во Скопје.

Неофицијално според очевидци на несреќата, околу 15-тина лица биле повредени и се хоспитализирани во болницата во Штип. Според првичните информации повредните не се во животна опасност.

Continue Reading

Радовиш

ЦЕФЕ Македонија реализира тридневни обуки во Радовиш за претрпиемништво и бизнис планирање

Виолета | Media Press

Published

on

 Во рамките на проектот “Креирање на центри за претприемништво во Источна Македонија“ во Радовиш  се реализира тридневни  обуки за претприемништво и бизнис планирање. Обуките  се одржуваат во организација на ЦЕФЕ Македонија, а под покровителство на американската амбасада во Скопје.Главна цел на овие обуки е да ги обучи  младите и да им даде знаења  за започнување самостоен бизнис.

Главан цел на овие обуки е да ѓи обучи и да им даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис“, рече Пр. Д-р Оливера Ѓоргиева Трајковска, декан на Економски факултет во Штип.

Обуките се наменети за сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, средношколци, невработени, како и лица со помалку можности!

На обуката по претприемништво,  се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање, се до креирање на бизнис план.

„Според досегашното искуство и направените истражувања, ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години се реализира, покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции и отварање на нови работни места. Околу 45% од учесниците на овие обуки отвориле сопствен бизнис“, вели Емилија Митева Кацарски професор на Економски факултет при УГД -Штип

Младите кои на крајот од обуките се стекнаа и со  сертификат за претприемништво и бизнис планирање, задоволно од ваквите обуки кои им  овозможуваат да ги остварат своите бизнис идеи.

Continue Reading