Connect with us

Радовиш

Кривична пријава против радовишанец поради непочитување здравствени прописи за време на епидемија

Avatar

Published

на

Отсекот за економски криминал при ОВР Радовиш до ОЈО Радовиш поднесе кривична пријава против Т.Ј. (58) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичен законик.

Во периодот од 17.03.2020 до 31.03.2020 на пријавениот со Решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат му било наложено здравствен надзор и домашна изолација поради тоа што на 17.03.2020 во Радовиш остварил контакт со лице од Скопје дијагностицирано како заболено од „COVID 19“.

На 31.03.2020, на Т.Ј. е извршено тестирање за присуство на вирусот „COVID 19“ во пунктот на Центар за јавно здравје Штип, и неколку дена подоцна на 05.04.2020 година добил известување дека кај него лабараторискиот тест е позитивен со присуство на вирусот „COVID 19“.

Од ОВР Радовиш информираат дека тој не ги почитувал насоките и препораките на Министерството за здравство и одлуките на Владата, иако му било укажано дека треба да остане во самоизолација до добивање на резултатите од спроведеното тестирање за присуство на вирусот.

„Имено, тој на 04.04.2020 околу 10.30 часот отишол на прослава по повод изградба на нова куќа во Радовиш и остварил средба со сопственикот на истата, а околу 12.00 часот истиот ден се упатил во пункт за достава на брзи пратки во Радовиш, каде остварил контакт со вработената. Со ова пријавениот ги изложил на ризик лицата со кои ги остварил средбите.“ – стои во соопштението од ОВР Радовиш

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе