Connect with us

Забава

5 годишно момче го украло автомобилот на родителите и тргнало да си купи ламборџини

Avatar

Published

на

Полицијата во Јута, САД дале знак на возило да запре очекувајќи дека возилото е управувано од несовезен возач или возач на кого му е потребна лекарска помош. На изненадување на полицијата, возилото е управувано од пет годишно момче. Полицискиот службеник се изначудил кога го здогледал момчето, дури тоа седело спуштено пониско на седиштето за да ја притиска педалата за кочење.

Момчето ѝ открило на полицијата дека тргнал во Калифорнија да купи Ламборџини, затоа што неговите родители не биле подготвени да ја исполнат неговата желба и за новата кола земал само 3 долари.

Веднаш по неговата приказна, кое шокираните полицајци го сопреле на автопат како управува со автомобил и „оди да си купи ’ламборџини’ со трите долари што ги носи“, откако претходно мајка му одбила да му купи луксузен автомобил, се случил пресврт на настаните.

Откако приказната за петгодишниот Адриан се рашири во многу медиуми во светот, многумина сопственици на ваков егзотичен автоимобил посакале да му ја исполнат желбата на детето – ако не да купи, барем да се вози во „ламборџини“.

Забава

Бамја

Avatar

Published

на

Ова растение од семејството на слезово расте до три метри во височина. Има долгнавесто, ребрести плодови кои се лесно сварливи, сочни, со пријатен и донекаде остар вкус. За храна се користат само млади незрели плодови, кои се распаѓаат при готвењето, ослободувајќи мноштво ситни семки, исклучително богати со протеини и масти.

Бамјата е едногодишно растение. Многу млади плодови 3-6 дена по цветањето и оплодувањето се користат како зеленчук на различни начини, најчесто варени или задушени. Бамјата може да се зачува со сушење, замрзнување, стерилизирање и маринирање. Во прехранбената индустрија се користи сушен како природен емулгатор, а делува и како антиоксиданс.

За да можат цела година да бидат на трпезата, младата бамја се суши, нанижува на врвка. Освен конзервирање со сушење, може да се замрзне, маринира или меле.

Бамјата е богата со растителни влакна, важни за одржување на нормално ниво на холестерол во крвта, добро варење и стабилизирање на нивото на шеќер во крвта.

Содржи и бројни минерали и витамини, особено од групата Б, (главно Б1 и Б2 и Б6) важни за одржување на безбедна и здрава бременост. Со производство на фолати, тој ги спречува вродените дефекти и му помага на фетусот нормално да расте и да се развива.

Во текот на летото може да се берат мали, многу млади плодови и да се мелат како лута пиперка, па да се закачат и да се исушат.Такви бамии можете да ги користите во кујната во текот на зимата до новата берба.

Пред сеидбата, корисно е семето да се потопува 24 часа во топла вода (околу 30 °C), што ќе го омекне слојот од семето. Цветањето започнува 6-8 недели по сеидбата, а бербата започнува набргу потоа.

Прочитај повеќе

Забава

На денешен ден во 1856 година е роден генијалниот Никола Тесла

Avatar

Published

на

Како луѓе, ние често пати сонуваме за подобро утре и посветла иднина.  Денес, бележиме 164 години од раѓањето на човекот кој ја осветли нашата иднина, еден од најголемите умови, татко на наизменичната струја, научник, истражувач и пронаоѓач, Никола Тесла. Роден е на 10 јули 1856 година во селото Смилјан, Австро-Унгарија (денешна Хрватска). Иако во себе носел српско потекло, тој подоцна добива американско државјанство и остатокот од својот живот го поминал како граѓанин на САД.

Неговиот придонес во дизајнирањето на современите системи за напојување на наизменична струја, како и Теслиниот калем го издвојваат како еден генијалец и една од најзначајните личности од историјата.  Како наследство на новите генерации, Тесла остави голем број на патенти и пронајдоци во областа на електротехниката и радиотехниката, а особено е запаметен по примената на наизменична струја и радио комуникација.

Како негови најважни пронајдоци се издвојуваат: телеавтоматика (далечинско управување со бродови), систем за безжичен пренос на сигнали, Теслина намотка, големи откритија во физиката, како што се Х-зраци, систем за повеќефазни струи, електрони, космички зраци и многу други.

Тесла бил една неуморна душа за која се сметало дека има фотографска меморија. Можел да запамети книги, експерименти, слики, визии и факти со извонредна точност.
Тој тврдел дека има визии. Наводно, му се појавиле во форма на ненадејни трепки на светлина, каде што гледа како треба да изгледаат неговите пронајдоци. Тесла зборувал 8 јазици, а има добиено и 15 почесни докторати.

За себе тврдел дека не е изумител туку откривач на работи што постојат во природата околу нас. За неговиот успех во инвентивноста, сам тврдел дека се должи на вродената способност да неверојатно визуелизира работи, процеси и настани. Според тоа, тој прво би ги дизајнирал сите свои експерименти во главата, а потоа би ги пренесел во пракса.

Прочитај повеќе

Забава

Во петок бесплатно емитување на Филмот „Прашина“ од Манчевски

Avatar

Published

на

Во петок, на социјалните мрежи на режисерот Милчо Ман;евски ќе биде споделен линк за бесплатно емитување играниот филм „Прашина“. Ова е поради случувањата со корона вирусот во земјава и пресрет на веќе воведените препораки за заштита и превенција на ширењето на овој вирус.

Линкот за видео стрим ќе бидат споделени на официјалните страници на режисерот на фејсбукинстаграм и твитер.

Второто филмско остварување на Манчевски, филмот „Прашина“ се појави во 2001 година. Главни улоги играат Џозеф Фајнс, Дејвид Венам, Адриан Лестер, Роузмари Марфи, Ен Броше, Николина Кујача, Владо Јовановски, Петар Мирчевски и Јосиф Јосифовски. Кирил Џајковски ја компонираше музиката во филмот.

Премиерното издание беше на 29 Август 2001 на Филмскиот фестивал во Венеција, по што подоцна беше емитуван во други држави меѓу кои и САД.

Прочитај повеќе