На скромен начин денеска беше одбележан 7-ми
Мај денот на Македонската полиција, од Страна
на полициската станица во Радовиш. Придржувајки се на насоките од Владата и Министерството за
здравство при прогласената вонредна состојба, престставници од СВР Струмица и Одделението за внатрешни работи
Радовиш, како и делегации од Општина Радовиш и од семејствата на загинатите
бранители од Општина Радовиш положија свежо
цвеќе на Споменикот на загинатите бранители, во дворот на полицискитата станица
во Радовиш;
Денот на
Македонската полиција 7-ми Мај од името на Полициска станица Радовиш го честита Спасо Трајков началник
на ОВР Радовиш
„По повод
“7-ми Мај“ Денот на македонската полиција денес кога сите сме
соочени со предизвикот на Ковид-19, на дело се гледа пожртвуваноста,
професионализамот и посветеноста на работата на припадниците на полицијата“ рече меѓу
другото градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов
Свежо цвеќе положија; Командирот на Полициска станица Радовиш Борис Крстев, делегација од СВР Струмица предводена од началници на одделенија на свр Струмица , началникот на ОВР Радовиш Спасо Трајков, Делегација од Општина Радовиш предводена од градоначалникот на Герасим Конзулов и претседателот на Советот Коле Чаракчиев и претставници од семејствата на загинатите бранители.
Во рамките на одбележувањето на Денот Македонската полиција беше спроведена и превентивна активност со делење заштитни маски на граѓани од страна на полициски службеници во центарот на Радовиш.
„Со оваа актиност сакаме да ја потикнеме свеста на граѓаните за носење заштитна опрема во оваа состојба со корона вирусот“ рече Борис Крстев командир на ПС од Општа надлежност Радовиш