Македонија

Со одавање почит на загинатите бранители и свечената церемонија одбележан 7 мај во кругот на МВР и Полицискиот центар ,,Ѓорче Петров,,

Денеска, 7 мај во кругот на МВР и Полицискиот центар ,,Ѓорче Петров,, беше одбележан „Денот на македонската полиција“. Одбележувањето на – ,,Денот на македонската полиција“ започна со оддавање на почит на спомен обележјата на загинатите бранители со положување свежо цвеќе во кругот на министерството од страна на највисокото раководство на МВР во придружба на претставници од различни организациони единици, семејствата на бранителите и  македонскиот полициски синдикат.

Свечената церемонија продолжи во Полицискиот центар ,,Ѓорче Петров,, каде што раководството на МВР, дел од вработените, семејствата на бранителите, поканетите гости од Дипломатскиот кор имаа можност да го проследат обраќањето на министерот  за внатрешни работи Наќе Чулев, неколку показни вежби од страна на Единиците на МВР како  и доделувањето плакети за посебен придонес и заложба во работењето на министерството  за вработени во МВР и плакети за благодарност до  претставниците на Дипломатскиот кор .

Во своето празнично обраќање министерот Чулев истакна дека: „Денешниов празник го одбележуваме во едни сосема поинакви околности, кои што ни даваат јасен увид за значењето и улогата на полицијата и во кризни состојби, како што впрочем е актуелната пандемија од “Корона“ вирусот“. „Демонстрираната организираност, исполнителност, законска дисциплинираност, и пожртвуваност на сите припадници на Министерството за внатрешни работи, во исполнувањето на сите зададени обврски и задачи во справувањето со пандемијата и примарно – во зачувувањето на човечките животи како бесценета вредност на секое општество, е јасен показател за потенцијалите и кредибилитетот на македонска полиција.“ Во еден хронолошки контекст ние денес можеме сосема, со мирна совест, да констатираме дека во сиве изминати децении раст и развој на Министерството за внатрешни работи, беше вложен огромен напор и професионалност на генерациите наши претходници, прилагодувајќи го системско-институционалното устројство на македонската полиција на потребите на општеството. Понекогаш поуспешно, понекогаш помалку успешно, но секогаш без исклучок насочени кон остварување на нашата приоритетна цел – јавниот ред и мир, и безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Поминавме низа фази на реформи во сите сфери на полициското работење. И тоа од нормативната во сфера преку носење на законски одредби што ќе не доближат до европските стандарди во полициското работење, техничко-технолошки, кадровски, структурални и организациски промени, односно надградби. Сето тоа, како во насока на континуирано следење на трендовите во полициското работење, така и во насока на максимална ефективност и ефикасност во функционирањето на тој сложен систем врз кој што почива министерството за внатрешни работи.

Министерот Чулев ja истакна својата лична увереност дека македонската полиција, не само во контекст на актуелните кризни случувања, туку и пошироко во сите други домени од своето работење ќе остане непоколеблив гарант во заштитата на уставно-правниот поредок, на спроведувањето на законите, на личната и имотна сигурност на секој наш човек. На сите наши колеги им го честитам 7-ми Мај , Денот на македонската полиција, и ви пожелувам успеси како на професионален така и на личен план“, го заврши своето обраќање министерот Чулев .

Дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска им го честита Денот на полицијата на сите сегашни, но и поранешни припадници на МВР.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago