Connect with us

Радовиш

(ВИДЕО) Oдбележан 7 Мај денот на Македонската полиција, во кругот на Полициската станица во Радовиш

Media Press

Објавено на

На скромен начин денеска беше одбележан 7-ми Мај денот на Македонската полиција, од Страна на полициската станица во Радовиш.   Придржувајки се на насоките од Владата и Министерството за здравство при прогласената вонредна состојба, престставници од СВР Струмица и Одделението за внатрешни работи Радовиш, како и делегации од Општина Радовиш и од семејствата на загинатите бранители од Општина Радовиш положија  свежо цвеќе на Споменикот на загинатите бранители, во дворот на полицискитата станица во  Радовиш;

Денот на Македонската полиција 7-ми Мај од името на Полициска станица Радовиш го честита Спасо Трајков началник на  ОВР Радовиш

„По повод  “7-ми Мај“ Денот на македонската полиција денес кога сите сме соочени со предизвикот на Ковид-19, на дело се гледа пожртвуваноста, професионализамот и посветеноста на работата на припадниците на полицијата“ рече меѓу другото градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов

Свежо цвеќе положија; Командирот на Полициска станица Радовиш Борис Крстев, делегација од СВР Струмица предводена од началници на одделенија на свр Струмица , началникот на ОВР Радовиш Спасо Трајков, Делегација од Општина Радовиш предводена од градоначалникот на Герасим Конзулов и претседателот на Советот Коле Чаракчиев и  претставници од семејствата на загинатите бранители.

Во рамките на одбележувањето на Денот Македонската полиција беше спроведена и  превентивна активност со делење заштитни маски на граѓани од страна на полициски службеници во центарот на Радовиш.

„Со оваа актиност сакаме да ја потикнеме свеста на граѓаните за носење заштитна опрема во оваа состојба со корона вирусот“ рече Борис Крстев командир на ПС од Општа надлежност  Радовиш

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе