Connect with us

Забава

(ВИДЕО) Забава во „СКАрантин“ со Суперхикс, во време на вонредна состојба поради корона вирусот

Виолета | Media Press

Published

on

Кога станува збор за забава, песна и многу скокање, на тоа поле Суперхикс се незаменливи долги години на македонската естрада. Карантинот не ги спречи, туку напротив, ги мотивираше да настане нивната нова песна „СКАрантин“ во домашни услови. Бунтовна, игрива и ексцентрична, „СКАрантин“ е песна во која ќе се пронајде секој екстроверт, но и интроверт.

„СКАрантин, сите сме во СКАрантин“, велат Суперхикс во песната проследена со веселата ска музика, препознатлива за нив. Видео спотот е интересен, со позитивна енергија, на кој што не можете, а да не заиграте и да не се насмеете. Во него се појавуваат и нивните фанови кои што се забавуваат во нивните домови, со заштитни маски, играат, пеат, свират и покажуваат како го поминуваат своето време во карантин.

Забава

Во петок бесплатно емитување на Филмот „Прашина“ од Манчевски

Александар | Media Press

Published

on

Во петок, на социјалните мрежи на режисерот Милчо Ман;евски ќе биде споделен линк за бесплатно емитување играниот филм „Прашина“. Ова е поради случувањата со корона вирусот во земјава и пресрет на веќе воведените препораки за заштита и превенција на ширењето на овој вирус.

Линкот за видео стрим ќе бидат споделени на официјалните страници на режисерот на фејсбукинстаграм и твитер.

Второто филмско остварување на Манчевски, филмот „Прашина“ се појави во 2001 година. Главни улоги играат Џозеф Фајнс, Дејвид Венам, Адриан Лестер, Роузмари Марфи, Ен Броше, Николина Кујача, Владо Јовановски, Петар Мирчевски и Јосиф Јосифовски. Кирил Џајковски ја компонираше музиката во филмот.

Премиерното издание беше на 29 Август 2001 на Филмскиот фестивал во Венеција, по што подоцна беше емитуван во други држави меѓу кои и САД.

Continue Reading

Забава

Кијану Ривс и Кери-Ен Мос за продолжението на филмот Матрикс: Четвртиот дел има одлично сценарио и преубава содржина

Александар | Media Press

Published

on

Поминаа скоро две децении откакоа приказната за Matrix заврши во 2003 година со двете продолженија The Matrix Reloaded и The Matrix Revolutions.

Двојката Лана и Лили Вачовски ја оживуваат оваа приказна и во филмот како главна улога повторно се појавува Кијану Ривс во улогата на ликот Нео.

Лана Вачовски напишала одлично сценарио со преубава приказна што го поттикнала Ривс да го прифати проектот. Тоа е единстевената причина да се работи на тоа, додал Ривс
Тој вели дека е одлично да се работи со неа.

Во четвртиот дел на франчизата Matrix се враќа и глумицата Кери-Ен Мос, која за изјавила дека никогаш не очекувала дека ќе се снима и четвртиот дел. Првиот филм „The Matrix“ беше емитуван за прв пат во 1999, а наредните две продолженија – во 2003 година.

Франчизата го следи карактерот на Ривс, Нео и група херои кои се борат против машини кои ги затвориле луѓето во ултра реалистична виртуелна реалност.

Continue Reading

Видео

„Ќе брмчи Иџе“ промотивна трка низ скопските улици во чест на медицинарите и полицијата

Александар | Media Press

Published

on

„Медицинарите и полицијата се нашите херои“ оваа порака вчера ја пренесе најдобриот македонски автомобилист Igor Idze Stefanovski. Преку промотивната трка насловена ,,ќе брмчи Иџе“ тој дава поддршка на медицинските лица, полицијата, армијата кои се на првата борбена линија во овој тежок период предизвикан од  пандемијата на коронавирусот. .

Иџе во време на полицискиот час едноставно го размрда Скопје, ги извади околните жители на балконите да се пофали со неговото ново возило со кое ќе се натпреварува следната автомобилистичка сезона.

Continue Reading