Connect with us

Македонија

Османи:На 15 мај ќе пристигнат ветените 20 респиратори од Норвешка

Виолета | Media Press

Published

on

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи на прес-конференција направи пресек на досегашната распределбата на странската помош наменета за нашата земја за полесно справување со КОВИД 19 и притоа се заблагодари на сите пријатели на државата кои помогнале досега.

“Со големо задоволство сакам да потврдам дека од страна на Норвешка е потврдено пристигнување на ветените 20 респиратори на 15 мај, што е одлична вест, затоа што кризата најмногу ја отежни набавката на овие машини, кои, пак, значително придонесуваат во формирањето на севкупниот капацитет на здравствениот систем во справувањето со КОВИД-19, 10 респираторни машини преку УНДП се веќе пристигнати, а по истата линија се очекуваат уште 10 вакви машини до средината на овој месец и уште 30 до крајот на месецот. Ако на тоа се додадат и 20 респиратори кои се очекуваат од ЕУ, вкупната бројка на дополнителни респиратори се искачува на 90. Сето ова ќе придонесе за  зајакнување на  потенцијалот и капацитетот на здравствениот систем не само за сегашниот предизвик со  КОВИД-19, туку и за понатаму, за задоволување на редовните потреби” – истакна Османи

Османи изрази благодарност до сите донатори за нивната помош и поддршка во ова исклучително тешко време за сите.

Османи посочи на помошта од САД  во висина од 1,1 милион долари, на помошта од Норвешка во висина од 700 илјади евра, на помошта од Чешка во износ од еден милион маски, на помошта од Словенија во висина 110 илјади евра, на помошта од Германија во износ од 40 илјади евра, на помошта од Унгарија во износ од 100 илјади заштитни маски и 5 илјади заштитни одела, на помошта од Кина која обезбеди над пет илјади тестови, кои пристигнаа заедно со бројна заштитна опрема – преку 10 илјади заштитни одела, 10 илјди пара ракавици, 10 илјади очила, над 20 илјади маски, на помошта од Турција која донираше над 50 илјади заштитни маски, илјада заштитни одела, но и илјада тестови, како и на помошта која  пристигна од агенциите на Обединетите нации, како УНИЦЕФ, УНДП, УНОПС кои не само што обезбедија поддршка во вид на донации, туку целосно се ставени на располагање на поголемите донатори за имплементација на нивните донации.

Македонија

Сопругата на Претседателот со поддршка за подигнување на свеста за ракот на дојката

Виолета | Media Press

Published

on

Сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваше и се обрати на настанот за подигнување на свеста за ракот на дојката “Race for the cure“ во Градскиот парк, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

„Имаме двојна обврска во врска со едукацијата, превенцијата и лекувањето не само на ракот на дојката, туку и на вирусот кој се заканува да ја загрози жената која е веќе засегната од друга болест “, истакна Ѓоргиевска, додавајќи дека е потребно да се обезбедат средства за сите центри за грижа за заболените жени, кои освен нега, нудат и она што е многу важно, а тоа е психолошката поддршка.

„Во текот на месецот октомври многу светски знаменитости ќе светат во розова боја, а со тоа да привлечат внимание за важноста од раната дијагностика од ракот на дојката и затоа денес ќе потсетам на главното правило во животот, подобро да се спречи отколку да се лечи. Ве молам практикувајте самопрегледување на градите, редовни посети кај лекарите и годишни мамографии.

Розовата панделка е симбол на борбата против оваа  болест и симбол на поддржување на сите што се засегнати. Розовата панделка ја носат излечените, но и сите оние кои сакаат да ја подигнат свеста за оваа болест којашто е всушност, една од најсмртоносните болести кај жените. Исто така, сакам да го свртам внимание на потребата од собирање на средства за донирање во сите центри за грижа за заболените жени, кои освен нега, нудат и она што е многу важно, а тоа е психолошката поддршка.

Ќе нагласам уште нешто: ни  оваа, како и сите други болести не треба да ги гледаме како  нешто што му се случува на некој друг. Особено ние, медицинските лица, секојдневно и секаде каде што е можно, треба да го нагласуваме тоа. Има уште многу да се стори, а само заедно можеме да направиме промени во колективната свест и поддршка во едукацијата и охрабрување на жените на секаков можен начин.

И, да не заборавиме: никогаш не е премногу доцна  за промени  кон здрав живот. Не е важно колку години имаме, промените во животот кон добро здравје не знаат за возраст. Да бидеме најдобри пријатели со своето тело и да ги слушаме неговите  предупредувања“ рече Ѓоргиевска.

На настанот се обратија и министерот за здравство, Венко Филипче и американската aмбасадорка во земјава, Кејт Брнс.

Организатор на настанот е Здружението „Борка“, коешто се приклучи на кампањата која се одвива речиси во многу европски држави и градови, а кај нас кампањата и финалните настани освен во Скопје ќе се одржат во 13 градови, стои во соопштението.

Continue Reading

Македонија

148 нови случаи позитивни на ковид-19, нови случаи и во Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Три лица починаа, а 148 се позитивни на ковид-19 од 1.224 тестирања во последниве 24 часа. Пациентите се починати во болнички услови и се од Прилеп (62), Кочани (87) и Гостивар (64).

Новите случаи на ковид-19 по градови се: Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од: Скопје-15, Куманово-5, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-4, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-6.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 165, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 17.629, од кои оздравени се 14.581,  починати  725, а во моментов активни се 2.323. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6.881, активни 684
• Куманово 1.745, активни 182
• Дебар 284, активни 42
• Штип 1.251, активни 53
• Прилеп 667, активни 128
• Тетово 1.424, активни 174
• Струга 664, активни 58
• Велес 319, активни 34
• Битола 296, активни 59
• Охрид 421, активни 44
• Кавадарци 236, активни 49
• Гостивар 928, активни 103
• Гевгелија 125, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 233, активни 150
• Крива Паланка 107, активни 29
• Радовиш 76, активни 18
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 340, активни 149
• Пробиштип 110, активни 21
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 92, активни 13
• Пехчево 43, активни 3
• Берово 102, активни 38
• Валандово 31, активни 22
• Виница 108, активни 29
• Делчево 159, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 0
• Свети Николе 341, активни 37
• Кичево 324, активни 39
• Ресен 164, активни 16
• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Continue Reading

Економија

(Видео) Мицкоски: Четвртиот пакет мерки не само што е задоцнет туку и дополнително ќе ја продлабочи кризата

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција истакна дека четвриот пакет на мерки за спас на економијата презентирани денеска од страна на Владата, не само што е задоцнет и нема да одговори соодветно на потребите на македонската економија и граѓаните, туку напротив истиот тој дополнително ќе ја продлабочи и онака тешката состојба во државата.

„Четвртиот пакет мерки на мафијата во Владата е последниот обид за сламката за спас во услови кога економијата пропаѓа.Четвртиот пакет не само што е задоцнет и нема да одговори на потребите на граѓаните, туку напротив и доолнително ќе ја продлабочи кризата. Кога веќе се прави четврт пакет на мерки, треба да се види искуството од претходните три, а тоа е поразително и се вика ново дополнителни  најмалку 40 илијади невработени за пет месеци минус речиси 13 проценти намалување бруто домашниот производ рекорден во вториот квартал. Затоа, и четвртиот пакет на мерки е промашен обид да се дефокусира вниманието од вистинските проблеми. Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен“, рече Мицкоски.

Досегашните три пакети на мерки, посочи Мицкоски , беа лошо насочени и недоволни за да ги амортизираат ефекти од кризата и нивната единствена цел беше предизборен и институционален поткуп. Тој напомена дека потврда за тоа е фактот што покрај „платежните картички кои служија за изборен поткуп, манипулација, најголем дел од меркиуте за поддршка на стопанството и економијата останаа нереализирани“.

Мицкоски истакна дека резултатите од таквите погрешни политики се историски пад на индустриското производство-извозот, пад на економската активност во вториот квартал со индиции тој негативен тренд да продолжи до крајот на годината, зголемување на јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само еден квартал (вториот квартал), раст на невработеноста од 40 илијади лица со најава за дополнителни масовни отпуштања, тотален колапс на туризмот и многу затворени бизниси во државата.

Continue Reading