Радовиш
Околу 600 пакети со храна и средства за хигиена за социјални семејства, донација од Општина Радовиш и од рудникот Бучим
Објавено на
Од
Media PressОО на Црвен Крст од Радовиш ќе подели околу 600 пакети со храна и средства за хигиена, на ранливи категории граѓани во Општините Радовиш и Конче. Истите се обезбедени со донирани средства од Општина Радовиш и Рудникот Бучим. Од почетокот на вонредната сосотојба со корона вирусот, досега се распределени околу 150 пакети обезбедени од Општина Радовиш а во наредниот период од страна на мобилните тимови од Црвен Крст ќе бидат распределини и останатите.
„Со донираните средства до рудникот Бучим во износ од 5000 евра ќе бидат опфатени и социјално загрозените семејства од Општина Конче како и ранливите категории граѓани во наслените места во Општина Радовиш и во градот“, рече секретарот на Црвен крст од Радовиш Верица Беќарова.
Инаку од почетокот на вонредната состојба со корона вирусот мобилните тимови на црвен крст од Радовиш се доста активни и досега одговориле на барањата на над педесетина лица кои побарале услуга од ОО на Црвен крст од Радовиш.
Поврзани содржини

Продолжува традицијата за доделување на социјални пакети за Божиќните празници

Рудникот Бучим донира околу 325 илјади евра во 2023 година, за проекти на Општина Радовиш

Прехранбени пакети за социјални семејства во Општина Радовиш, за претстојните божиќни празници

Здружението на пензионери од општините Радовиш и Конче и годинава ќе додели 80 прехранбени пакети

Уште една донација од австриската Хуманитарна организација „Хикуде“ за Здравствениот дом во Радовиш

Рудниците Бучим и Боров Дол доделија две вредни донации, за две јавни институции во Радовиш
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

