Connect with us

Радовиш

Околу 600 пакети со храна и средства за хигиена за социјални семејства, донација од Општина Радовиш и од рудникот Бучим

Виолета | Media Press

Published

on

ОО на Црвен Крст од Радовиш ќе подели околу 600 пакети со храна и средства за хигиена, на ранливи категории граѓани во Општините  Радовиш и Конче. Истите се обезбедени  со донирани средства од  Општина Радовиш и Рудникот Бучим. Од почетокот на вонредната сосотојба со корона вирусот, досега се распределени околу  150 пакети обезбедени од Општина Радовиш а во наредниот период од страна на мобилните тимови од Црвен Крст ќе бидат распределини и останатите.

„Со донираните средства до рудникот Бучим  во износ од 5000 евра ќе бидат опфатени и социјално загрозените семејства од Општина Конче како и ранливите категории граѓани во наслените места во Општина Радовиш и во градот“, рече секретарот на Црвен крст од Радовиш Верица Беќарова.

Инаку од почетокот на вонредната состојба со корона вирусот мобилните тимови на црвен крст од Радовиш се доста активни и досега одговориле на барањата на над педесетина лица кои побарале услуга од ОО на Црвен крст од Радовиш.

Избори 2020

Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш, Чаракчиев и Трајанов и денеска со предизборни активности

Виолета | Media Press

Published

on

Кандидатите за пратеници од Радовиш од двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и денеска со предизборни активности. Кандидатот за пратеник од СДСМ и коалицијата Можеме, Коле Чаракчиев го искористи денешниот  пазарен ден во Радовиш и денот го помина во разговор со граѓаните.

Кандидатото за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица, оствари средба со  Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Санирани пешачките патеки на 4 мостови во Радовиш, изградени се и пристапни рампи за инвалидизирани лица

Виолета | Media Press

Published

on

Извршена е санација на  пешачките ленти на 4 мостови во Радовиш, кои беа во незавидна состојба. Изградени се и пристапни патеки на мостовите како и на неколку места на тротоарот покрај кејот на Радовишка река. Конечно на лицата со телесен инвалидитет кои користат инвалидска количка како помагало за да се движат, како и на младите мајки со бебешки колички, им  олеснет пристапот до мостовите како и  движењето по тротоарот. Од високите рабници на тротоарите тие не можаа да пристапат на пешачките зони.

Исовремено беше извршено целосно асфалтирање на мостот кај Здравствениот дом  во Радовиш на кој при  секое врнежливо време се собираше вода. Овие активности се во рамките на програмата за тековно одржување на улиците и пешачките патеки во Радовиш. Извршено и обележување на хоризонталната  сигнализација на бул. Александар Македонски, на кој пред 10-тина дена  беше асфалтирана и втората лента.

Continue Reading

Радовиш

Рудникот Бучим континуирано ќе работи се до отпочнување со работа на Боров Дол

Виолета | Media Press

Published

on

Рудникот за бакар „Бучим“ од Радовиш ја заврши првата половина од оваа работна година, согласно предвидената програма. До крајот на Јуни заврши експлоатацијата на рудата на површинскиот коп, рече заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов.

Според Николов нема да има прекин во производниот процес до отпочнувањето со работа на новиот рудник Боров Дол, освен подготовките и нужните ремонти во флотација во текот на месец јули. Во овој месец 40-тина вработени се на принуден одмор, секако во договор со нив, рече Николов, но сепак ќе им биде исплатено 70% од платата.

Continue Reading