Радовиш
11 годишно дете прегазено во село Ракитец
Објавено на
Од
Media Press
Вчера попладне жител на село Ракитец прегазил 11 годишно дете. Настанот се случил во попладневните часови, а детето по несреќата било пренесено во ЈЗУ Радовиш. Извршен е и увид на местото на настанот од екипа на ПС Радовиш.
„На 29.04.2020 во 15.45 часот било пријавено дека во с.Ракитец, патничко возило „митсубиши пајеро“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н.(54) од с.Ракитец удрило во 11-годишен пешак. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа Радовиш за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.“ – Стои во соопштението од Министерството за Внатрешни Работи
Поврзани содржини

ДПД Горици, Конче навреме го локализираа последниот пожар во атарот на село Ракитец

Село Ракитец доби нова асфалтирана улица со вкупна должина од 816 метри

Од денеска официјално нов директор на ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш, д-р Стојанче Петров

Општина Конче започнува со реконструкција на улици и поплочување и уредување на јавни површини

Реконструкција на доводен цевковод од каптажи до резервоар во с.Ракитец е новиот проект кој ќе го реализира Општина Конче

Четиригодишно дете е прегазено во Струмица, возачот е во бегство
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

