Connect with us

Свет

Расте бројката на заболени од корона вирус во Бразил, се копаат и нови гробишта

Виолета | Media Press

Published

on

Расте бројката на заболен од корона вирус во Бразил. До денеска се регистрирани 63.328 заболени лица од кои околу 4.298 лица починале. Здравствените власти во Рио де Жанеиро и во најмалку четири други поголеми градови предупредуваат дека нивните болници пропаѓаат или веќе се пренатрупани и не можат да примаат нови пациенти.

Експертите очекуваат дека бројот на заразени со коронавирус во таа земја, со нешто помалку од 210 милиони жители, ќе биде многу поголем од оној што е објавен.

Oд градот Манаус во државата Амазон биле ископани голем број нови гробишта, затоа што толку многу луѓе загинале во областа од Ковид-19. Според извештаите во Манаус, работниците погребуваат 100 лица секој ден, трипати повеќе од просекот пред појавата на пандемијата на коронавирус.

Свет

Шведската Влада не препорачува децата да се вакцинираат против Ковид-19

Виолета | Media Press

Published

on

Шведските експерти сметаат дека децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа  шведската Влада нема да препорача вакцинирање за коронавирусот на децата под 18-годишна возраст.

Шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се од ранливите групи и на постарите лица, пренесе Си-Ен-Ен.

Главниот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел, објасни дека Шведска работи според принципот на доброволна вакцинација, а тоа било случај и за време на минатите пандемии, кога биле вакцинирани голем број луѓе.

Continue Reading

Свет

Видео од кое секој може да извлече поука

Виолета | Media Press

Published

on

Голема гледаност и безброј коментари предизвика водеото во кое се гледа како девојче со гума е прилично одалечено од брегот, однесено од морските бранови и како се обидува крајбрежната стража да му помогне. Поука за младите родители кога се на одмир да не ги оставаат децата сами во вода, бидејќи природата знае да биде и немилосрдна. За среќа девојчето беше спасено навреме.

Continue Reading

Свет

Трамп најави дека е одобрена терапија со крвна плазма во третманите на заразените со корона вирусот

Виолета | Media Press

Published

on

Федералната агенција за лекови (ФДА) итно ја одобрила употребата на крвна плазма на излекувани пациенти со Ковид-19 во третманите со заразените со корона вирусот, соопшти Американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ова е навистина историски ден. Станува збор за моќна терапија која овозможува трансфузија на многу силни антитела од крвта на оздравени пациенти за да им помогнат на пациентите кои се борат со инфекцијата. Резултатите покажуваат дека овој третман е исклучително успешен – порача Трамп и ги повика луѓето кои се излекувале од Ковид-19 да даруваат крвна плазма.

Во САД веќе починаа повеќе од 176.000 луѓе, а заразени се речиси 5,7 милиони лица со корона вирус – повеќе од било која друга земја во светот.

Continue Reading