Connect with us

Струмица

Машко мртво тело пронајдено утрово во вештачко езеро во Струмица

Александар | Media Press

Published

on

Машко мртво тело е пронајдено утрово во вештачко езеро во близина на хотел во Струмица – информира МВР

На местото каде што е пронајдено телото е извршен увид од страна на полициски службеници во присуство на надлежен јавен обвинител и е констатирано дека станува збор за жител на населеното место Куклиш, струмичко.

,,Утрово околу 07.00 часот во вештачкото езеро во близина на хотел во Струмица, пронајден е починат Џ.Ј (55) од с.Куклиш, Струмичко. Извршен е увид од увидна екипа во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција’’, стои во соопштението на МВР

Избори 2020

Костадинов на маратонски брифинг со новинарите од Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов од Струмица, од СДСМ и колацијата „Можеме“ на маратански брифинг со новинарите од Југоисточниот регион, одговараше на прашања кои ги поставува новинарите, во име на граѓаните.

На прашањето дали може да се очекува некоја инвестиција во Радовиш па и во регионот, за вработување на невработените и да се спречи иселувањето на млади лица, Костадинов рече дека за да се привлече некоја странска или домашна инвестиција, најпрво треба да се изгради инфраструктурата.  

Continue Reading

Струмица

Опожарени неколку складирани возила на пункт за старо железо во Струмица

Александар | Media Press

Published

on

Во утринските часови од на пункт за старо железо на излезот од Струмица кон Валандово од непознати причини избувна пожар. Од ТППЕ Струмица известуваат дека се опожарени неколку возила што биле складирани во пунктот.

Во гаснењето на пожарот учествувале шест пожарникари со три противпожарни возила. Пожарот е успешно локализиран.

„Денес, (четврток) 02.07.2020 година во 09.25 часот во атарот на село Дабиле, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенираше на гаснење на запалена сува трева и ѓубре.Во 10.57 часот на бул.Климент Охридски со 3 ПП возила и 6 пожарникари интервенираше на гаснење на отпад на стари автомобили. Пожарите се успешно локализирани и ликвидирани.“ – Објавија ТППЕ Струмица на својата Фејсбук страница

Continue Reading

Струмица

Измени во режимот на сообраќај на пет улици низ Струмица

Александар | Media Press

Published

on

Општина Струмица изврши промена во режимот на сообраќај и подобрување на протокот на улиците:„Моша Пијаде“, „11-ти Октомври“, „Ванчо Китанов“, „Беласица“ и „Монополска“.

Сообраќајот на улица „Моша Пијаде“ на делница од крстосница со ул. „Ванчо Китанов“ до крстосница со ул „11-ти Октомври“ од двонасочен се променува во еднонасочен. Правецот на движење на оваа делница по ул. „Моша Пијаде“ е од крстосница на ул. „11-ти Октомври“ кон крстосница со ул.„Ванчо Китанов“. Десната сообраќајна лента на оваа делница на ул „Моша Пијаде“ гледано од правец на крстосница со ул. „Ванчо Китанов“ кон крстосница со ул. „11-ти Октомври“ е за паралелно паркирање на патнички моторни возила.

Сообраќајот на улица „Монополска“ од двонасочен се променува во еднонасочен. Правецот на движење на ул „Монополска“ е од крстосница на ул. „Ванчо Китанов“ кон крстосница со ул.„11-ти Октомври“.

Сообраќајот на улица „Беласица“ од двонасочен се променува во еднонасочен. Правецот на движење на ул „Беласица“ е од крстосница со ул „Ванчо Китанов“ кон крстосница со ул.„11-ти Октомври“.

Continue Reading