Connect with us

Струмица

Две лица од Струмичко загинаа во сообраќајка со мотори

Avatar

Published

на

Страшна сообраќајна несреќа во која животот го загубија двајца возачи на моторцикли се случила вчера попладне околу 13.20 часот на автопатот Велес – Гевгелија на коловозната лента во правец од клучка „Смоквица“ кон клучка „Гевгелија“.

Од Министерството за внатрешни работи известтуваат дека сообраќајката се случила помеѓу моторцикл „сузуки 600“ без регистарски ознаки управуван од А. Ѓ. (35) од село Робово-Струмица и моторцикл „сузуки 600 ГН-Р“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.Ј. (22) од село Добрејци-Струмица. 

„Констатирано е дека А.Ѓ со неговиот моторцикл слетал надвор од коловозната лента на десната страна, а другиот моторцикл управуван од Ј.Ј. слетал на крајната лева сообраќајна лента. Од страна на доктор од Итна медицинска помош  излезено е на лице место и констатирана е смрт кај двајцата возачи. Увид на лице место извршиле дежурен Јавен обвинител  и увидна екипа од ОВР-Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телата на двајцата возачи се пренесени во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција“ – стои во соопштението.

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Лишени од слобода три лица од струмичко, агресивно се однесувале кон полициски службеници

Avatar

Published

на

На 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе