Connect with us

Радовиш

Стартуват градежните активности за регулација на речното корито на река Сушица во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Целта е превенција и намалување  на последиците од евентуалните катастрофи, пред се поплавите кои во последните 20 години се честа појава во овој регион.

Со проектот е планирано регулација на околу 630 метри од речното корито на реката Сушица. Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов смета дека овие зафати ќе значат многу не  само за општината, туку и за целиот струмички регион во кој се сливаат надојдените води. Според него за поплавите допринесува и дрвокрадството со што голите ридови не можат да се справат со надојдените води и се случуваат поплави. Тој изрази голема благодарност до Центарот за развој на ЈУ регион за реализацијата на овој проект за прекугранична соработка  на Радовиш и Сандански од Бугарија.

Градежните актвиности ќе ги изведува фирмата Џови Компани од село Мокрино струмичко.  Конзулов рече дека ова е прва фаза од проектот и дека во следните неколку гоини треба да биде завршен потегот од 2,2 километри. Станува збор за проект за прекугранична соработка со Република Бугарија, и еден од главните зафати е уредување на дел од коритото на река Сушица која само во последните десетина години се има излеано три пати.

Проектот ќе се реализира во наредните две години. Еден дел од активностите е насочен кон подигањето на свеста за климатските промени и последиците од нив.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија. Проектот е вреден околу 588 илјади евра. Со свој дел од околу 192 000 евра учествува и општина Радовиш.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Дали Југоистокот е ново жариште на корона вирус? Во Радовиш 8 нови случаи а во Струмица 15

Виолета | Media Press

Published

on

Осум пациенти починаа, а 144 се новозаразени од корона вирусот во Македонија, соопшти денеска Министерството за здравство.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-27, Куманово-11, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-13, Велес-4, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-8, Крушево-2, Кочани-13, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-3, Кичево-2, Ресен-2.

-Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г), се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-33, Штип-2, Прилеп-7, Тетово-2, Струга-1, Битола-4, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-4, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-5, Свети Николе-2, Кичево-3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16417,  бројката на оздравени пациенти е 13732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2002. 

Continue Reading

Радовиш

Општина Конче ќе го уредува коритото на Дединска река, со што ќе се намали ризикот од поплави

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Конче започна со реализација на проектот за уредување на течението на Дединска река, со регулација на речното корито и изградба на цевести пропусти, со што ќе се намали ризикот од поплави.

Проектот е финасиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ-ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, во вредност од околу 150 илјади евра.

Денеска во Дедино беше  извршена презентација на проектот од страна на проектниот менаџер Верица Гогова, а градоначалникот Благој Илиев го  истакна значењето на овој проект за локалното население.

Градоначалникот на Општина Струмјани од Бугарија, која е  проектен партнер, поради актуелната ситуација со корона кризата  се обрати преку видео порака.

Градоначалникот Илиев по завршената презентација изврши увид на градежните активности на реката и уште еднаш го потенцира значењето на овој проект за Дедино и за регионот воопшто .

Дединска река е  стрмна и брза река која при обилни дождови има однесено и човечки животи. Општина Конче даде приоритет на овој проект со цел безбедно поврзување на двете страни на селото и избегнување на природни катастрофи. Истиот се очекува да заврши до месец јули наредната година.

Continue Reading

Радовиш

Исчезнала 40 годишна жена од Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Имено вчера било пријавено во Полициска станица Радовиш дека жената се одалечила од својот дом во непознат правец и не се вратила.

 „На 17.09.2020 во 15.00 часот во Полициската станица Радовиш, Б.Т.(31) од Радовиш пријавил дека од домот во Радовиш се оддалечила Ж.Д.(40). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, стои во известувањето од СВР Струмица.

Continue Reading