Connect with us

Радовиш

СВР Струмица поднесе 12 кривични пријави против радовишани

Александар | Media Press

Published

on

СВР Струмица поднесе кривични пријави против 12 радовишани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија:

Според соопштението, казнети се: Е.Е.(39) од с.Коџалија, Н.У.(30) од с.Аликоч, К.У.(27) од с.Конче, Ф.Н.(27) од с.Бучим, В.Н.(55) од с.Подареш, М.А.(53), Р.У.(26), Е.А.(28), А.Т.(23), Б.Б.(21), А.А.(55), Ф.Ј.(24), сите од Радовиш.

Пријавените, во периодот од 30.03.2020 до 31.03.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози и за секој од обвинетите предложи судот да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 или 20 евра во денарска противвредност.​​

Радовиш

Повредени припадници на армијата во сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип

Виолета | Media Press

Published

on

Утринава  околу седум часот на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, се случила сообрачајна несреќа во која учествувале автобус и комбе.

Станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на Армијата, кои од своите градови патувале на работните места во Скопје.

Неофицијално според очевидци на несреќата, околу 15-тина лица биле повредени и се хоспитализирани во болницата во Штип. Според првичните информации повредните не се во животна опасност.

Continue Reading

Радовиш

ЦЕФЕ Македонија реализира тридневни обуки во Радовиш за претрпиемништво и бизнис планирање

Виолета | Media Press

Published

on

 Во рамките на проектот “Креирање на центри за претприемништво во Источна Македонија“ во Радовиш  се реализира тридневни  обуки за претприемништво и бизнис планирање. Обуките  се одржуваат во организација на ЦЕФЕ Македонија, а под покровителство на американската амбасада во Скопје.Главна цел на овие обуки е да ги обучи  младите и да им даде знаења  за започнување самостоен бизнис.

Главан цел на овие обуки е да ѓи обучи и да им даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис“, рече Пр. Д-р Оливера Ѓоргиева Трајковска, декан на Економски факултет во Штип.

Обуките се наменети за сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, средношколци, невработени, како и лица со помалку можности!

На обуката по претприемништво,  се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање, се до креирање на бизнис план.

„Според досегашното искуство и направените истражувања, ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години се реализира, покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции и отварање на нови работни места. Околу 45% од учесниците на овие обуки отвориле сопствен бизнис“, вели Емилија Митева Кацарски професор на Економски факултет при УГД -Штип

Младите кои на крајот од обуките се стекнаа и со  сертификат за претприемништво и бизнис планирање, задоволно од ваквите обуки кои им  овозможуваат да ги остварат своите бизнис идеи.

Continue Reading

Радовиш

Жител на Радовиш пријавил во полиција дека исчезнала неговата малолетна ќерка

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска, жител на Радовиш пријавил дека ја нема неговата малолетна ќерка, а неговите сомненија се дека таа заминала со друго малолетно лице од Радовиш.

„На 27.09.2020 во ОВР Радовиш, Џ.Ј.(42) од Радовиш пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, тој се сомнева дека таа е со друго малолетно лице од Радовиш. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

Continue Reading