Connect with us

Радовиш

Рудникот Боров Дол планира да започне со работа во септември 2020

Avatar

Published

на

Министерството за транспорт и врски на РСМ издаде дозвола за изградба на рударскиот комплекс Боров Дол.  Со добивањето на градежната дозвола, рудникот ќе почне со изградба на објектите и според планот ќе стартува со работа во септември годинава.

Боров Дол ќе го продолжи работниот век на Бучим најмалку до 2030 година и ќе придонесува за локалните заедници во три општини – Конче, Штип и Радовиш. Овие три општини ќе имаат удел во експлоатацијата и преработката на рудата, а со тоа секоја општина може да смета на финансиска добивка врз основа на концесијата.

Со новиот проект се зачувуваат работните места на повеќето вработени во рудникот Бучим, а исто така се создаваат и нови работни можности за жителите на соседните општини. Според планот, се очекува вкупно 307 рудари да бидат вработени во новото рудно тело. Проектираниот животен век на рудникот во моментов се проценува на 10 години, со можност за понатамошно продолжување на работата на рудникот.

Со цел да се минимизира потенцијалното влијание врз животната средина, според планот за развој на инфраструктурата, Боров Дол ќе ги користи веќе постоечките објекти на Бучим за преработка и складирање на руда, а ископаната руда ќе се транспортира преку покриена транспортна трака долга 7 км. На новото рудно тело, во соработка со македонската градежна компанија ДГ Бетон АД Скопје, ќе се гради изливен базен од површински коп, пречистителна станица, брана и акумулација, административна зграда со ресторан и амбуланта, бензиска пумпа и улична инфраструктра. Вкупната цена на проектот Боров Дол се проценува на 60 милиони евра.

„Со добивањето на градежната дозвола, практично можеме да почнеме со реализација на изградба на потребните објекти. Во ова време на економско забавување, сепак веруваме дека ќе успееме да го обезбедиме временскиот распоред на проектот и рудникот Боров Дол ќе започне со работа според планот, во септември 2020 година.”– истакна Павел Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе