Градоначалникот Герасим Конзулов со
загриженост констатира дека граѓаните на Општина
Радовиш, воопшто не се придржуваат до мерките за заштита при чекање ред пред
банка, при што испрати фотографии до телевизија Кобра, на кои јасно се гледа
како луѓето стојат еден до друг и разговараат.
Расте бројот на заболени лица од корона вирус во Радовиш и
ќе расте и во наредните денови, доколку се однесуваме како што се гледа на
фотографиите“ вели Конзулов во телефонски разговор.
Тој по обиколката што ја направи во градот
ги задолжи инспекциските служби да реагираат на лице место, при што во текот на
дено камерата на телевизија Кобра забележа дека веќе имаше воспоставено некој
ред и лугето држеа растојани. Но во ретки слуачаи се забележуваше групирање во
централното градско подрачје. Останатите улици во градот беа речиси празни.
„Од нашата лична и колективна одговорност зависи успешното
справување со оваа здравствена криза“ напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
Превземаме мерки за заштита кои се во нашиот
делокруг на работа.
Јавно им се заблагодарувам на сите граѓани и фирми
кои помагаат и донираат опрема за потребите на општинските служби.
Надлежните државни и локални органи се грижат за
заболени и тие кои се во изолација, напиша Конзулов.