Connect with us

Радовиш

Држат ли растојание граѓаните во Радовиш при чекање ред пред банка, според препораките

Media Press

Објавено на

Градоначалникот Герасим Конзулов со загриженост констатира дека граѓаните на Општина Радовиш, воопшто не се придржуваат до мерките за заштита при чекање ред пред банка, при што испрати фотографии до телевизија Кобра, на кои јасно се гледа како луѓето стојат еден до друг и разговараат.

Расте бројот  на заболени лица од корона вирус во Радовиш и ќе расте и во наредните денови, доколку се однесуваме како што се гледа на фотографиите“ вели Конзулов во телефонски разговор.

Тој по обиколката што ја направи во градот ги задолжи инспекциските служби да реагираат на лице место, при што во текот на дено камерата на телевизија Кобра забележа дека веќе имаше воспоставено некој ред и лугето држеа растојани. Но во ретки слуачаи се забележуваше групирање во централното градско подрачје. Останатите улици во градот беа речиси празни.  

„Од нашата лична и колективна одговорност зависи успешното справување со оваа здравствена криза“ напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
Превземаме мерки за заштита кои се во нашиот делокруг на работа.
Јавно им се заблагодарувам на сите граѓани и фирми кои помагаат и донираат опрема за потребите на општинските служби.
Надлежните државни и локални органи се грижат за заболени и тие кои се во изолација, напиша Конзулов.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе