Две нови лица од Радовиш во изолација и против две се поднесени кривични пријави

За време на полицискиот час на 06/07.04.2020 година на подрачјето на СВР Струмица, наредбите на Владата и Министерството за здравство за време на епидемија ја прекршиле пет граѓани, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период.

Четири лица се затекнати на подрачјето на Полициска станица Струмица и едно на подрачје на Полициска станица Валандово.

Воедно, на 06.04.2020 година до надлежните основни јавни обвинителства се поднесени 27 кривични пријави против 29 лица кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, од кои 25 пријави против 27 лица се поднесени до Основно јавно обвинителство Струмица и 2 пријави против 2 лица до Основно јавно обвинителство Радовиш.

Со Решенија од Државен санитарен и здравствен инспекторат 3 нови лица се во домашна изолација, од кои 2 во Радовиш и 1 во Гевгелија, а воедно на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се евидирани и 3 нови лица во самоизолација.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago