Connect with us

Економија

Спасовски: финансиска поддршка за претпријатијата за исплата на плати за вработените во висина од 14.500 денари

Avatar

Published

на

Министерот Спасовски на денешната прес конференција го презентираше вториот сет економски мерки на владата за спас на економијата.

Овие економски мерки мерки се донесени по широка консултација и суштинска дебата со членовите на Економскиот совет и деловната заедница, стопанските комори, угледни и успешни стопанственици, рече Спасовски.

  • Се предвидува финансиска поддршка и исплатата на платите на работниците кај работодавачот барател на финансиска подршка за април и мај, во износ од 14.500 денари месечно по работник;
  • Финансиска помош на спортистите и исплата минимална плата од 14.500 денари;
  • Месечна плата за граѓаните што останале без работа во висина од 50 проценти од месечната нето плата за последните 6 месеци, а за тие што останале без работа во кризата 24 месеци;
  • Да се одложи плаќањето на закуп на корисници за плаќањето на социјалните станови. Додека за фирмите ќе се донесе посебна одлука за плаќањето на кириите.
  • Дополнителни бескаматни кредити од дополнителни 8 милиони евра за микро, мали и средни претпријатија во зависност од бројот на вработени.

„Презедовме многу сериозни и драстични мерки. Некои како вонредната состојба беа тешки, но неминовни. И дадоа резултати. Сега е важно максимално да се намали ширењето на вирусот. Да им да дадеме можност на сите да бидат згрижени. Ова е нашиот паралелен фронт, на кој ќе се спротиставиме на корона вирусот. Да обезбедиме ликвидност и финансиска инекција за да се соочуваат повеќе работни места – истакна Спасовски.

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе