Радовиш
Извршена е целосна дезинфекција на објектите на општина Радовиш и ТППЕ Радовиш
Објавено на
Од
Media Press
Општина Радовиш продолжува со преземање на конкретни превентивни мерки и активности за спречување на појава, ширење и сузбивање на корона вирусот.
Покрај редовните активности, во Сабота на 28.03.2020 година, извршена е целосна дезинфекција на објектот на општина Радовиш, во кој покрај локалната самоуправа се сместени подрачните одделенија на министерствата и други институции.
Исто така извршена е дезинфекција и на објектот на Територијалната противпожарана единица (ТППЕ) Радовиш, како и на возилата на општината и противпожарните возила.
Дезинфекцијата ја изврши Центарот за јавно здравје, служба за дезинфекција, дезинсекција и дератизација. За сите понатамошни превентивни мерки и активности, кои ке ги презема Општинскиот штаб за заштита и спасување, граѓаните на општина Радовиш, редовно ке бидат информирани.
Општински штаб за заштита и спасување Командант: Герасим Конзулов
Поврзани содржини

После 100 години од изградбата, целосно реконструиран објектот на Противпожарна единица (ТППЕ) во Радовиш

Пожар во Струмичко – шест пожарникари-спасители учествувале во гаснење на запалена штала

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица

Се запали стара куќа во с. Старо Коњарево

ПРЕДИЗВИКАН ПОЖАР НА СЕМЕЈНА КУЌА ВО РАДОВИШ

Вечерва се дезинфицираа улиците и јавните површини во Радовиш
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!






