Connect with us

Македонија

СОНК не го прифаќа предлогот на Заев да се намалат платите во јавната администрација

Avatar

Published

на

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р. Македонија со особено внимание и голема загриженост ги следи состојбите во нашата држава предизвикана од Корона вирусот, се вели во соопштението од СОНК, но не се согласува да се намалат платите на јавната администрација како шти вчера најави лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„СОНК е убеден дека постојат и други решенија за надминување на економската криза, решенија кои директно и радикално нема да се манифестираат врз работниците во јавниот сектор.  За таа цел, бараме, предлогот упатен до Владата за намалување на платите до висината на минималната плата, односно до 14 500 денари, да се повлече.

Предлагаме, под итно, да се воспостави социјален дијалог со синдикатите, да се слушнат и нашите размислувања и предлози. Особено е важно, според нас, да се консултираат и прифатат мислењата на економските експерти во нашата држава, без разлика на политичкото убедување и дејствување. Секој издржан и добронамерен предлог, поткрепен на база на длабока анализа и факти, треба да се прифати.

Конечно, уште еднаш да го истакнеме нашиот став дека не го прифаќаме предложеното намалување на платите во администрацијата, од страна на претседателот на СДСМ. Апелираме до Владата, доколку ваков предлог дојде на дневен ред, да се отфрли. Со тоа би се спречиле и дополнителни социјални и економски немири, што воопшто не е исклучено со ваквата предлог мерка.

Впрочем, оваа криза не е само во Македонија. Ваква предлог мерка, во држави слични на нашата, каде што има економска криза,  намалување на плати нема ниту во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија, Косово, Бугарија, Грција……..“ стои во соопштението од СОНК.

Избори 2024

Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници

Avatar

Published

на

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.

„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.

„Зошто почнуваме од Велес? Ете затоа почнуваме… Почнуваме од Црвениот Велес. Градот на Рацин, каде што секое парче од калдрмата е Историја. Ете затоа почнуваме од Велес.

И нема да престанеме додека не ги избркаме како црв од јаболко! Доста ни ја јадете душата, доста ни ја јадете Татковината. Да беше жив Рацин ќе ви речеше: “Да се плукне гадот валкан”! Тој беше дрзок и знаеше колку вреди народниот дух, и затоа не дозволи никогаш народниот дух да падне.” истакна Апасиев во својот моќен говор.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите

Avatar

Published

на

„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .

Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот

Avatar

Published

на

„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.

„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо –  победуваме!

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и  нивните измеќари од СДСМ!       

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.

Прочитај повеќе