Македонија
Приведени две лица од Радовиш, го прекршиле полицискиот час
Објавено на
Од
Media Press
Полицискиот час го прекршиле и се прведени вкупно 18 лица, од кои две лица од Радовиш. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев соопшти дека изминатата ноќ полицискиот час го прекршиле пет лица од Тетово и две лица од Гостивар, кои и покрај опомената и укажувањето од полицајците, се однесувале агресивно кон нив, по што се уапсени.Две лица од Куманово не ја почитувале забраната и кај нив е е најдено и оруже. Полицискиот час го прекршиле и се прведени две лица од Радовиш и едно лица од Штип, шест од Кочани, додека во Виница е регистрирано едно прекршување, но лицето побегнало.Опоменати се 74 лица, кои биле во приватни возила.
Притоа тој нагласи дека во моментов полициските службеници контролираат вкупно 618 лица со решенија за изолација, како и 7307 лица со изјави за самоизолација. И во таа насока досега се поднесени вкупно 77 кривични пријави. Од страна на полициските службеница само во текот на изминатото деноноќие извршени се 322 контроли над лица со решенија за изолација и 3606 контроли кај лица со изјави за самоизолација при што е констатирано дека едно лице не го почитувало решението за изолација, а 22 лица не ги почитувале решенијата за самоизолација и за наведените лица во тек е преземање активност за поднесување кривични пријави.
Видео на линкот: https://www.youtube.com/watch?v=z1fVyh1rDhE&feature=emb_logo
Поврзани содржини

Лишени од слобода двајца велешани во Струмица, извршиле кражба на возило во Велес и обид за кражба во куќа во Струмица

Комисијата за заразни болести препорачува укинување на полицискиот час од среда, 16 јуни

Продолжува полицискиот час во истиот период од 24:00 до 04:00 часот наутро

Од утре полициски час од 24:00 часот до 04:00 часот наутро наредниот ден, започнуваат со работа и теретаните

Поддржан предлогот на Комисијата за заразни болести за полициски час од полноќ, дозволени се настани и други промени

Олабавување на мерките. Полицискиот час од 5 до 15 мај ќе започнува во 23:00 и ќе завршува во 05:00 часот

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

