Connect with us

Македонија

Повторно драстичен пад на цените на горивата

Avatar

Published

на

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 23.03.2020 година, донесе одлука уште еднаш драстично да се намалат цените на навтените деривати.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 49,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 52,00 (денари/литар)
Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 45,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 34,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 18,738 (денари/килограм)

Избори 2024

Пендаровски: Нема предавање, се уште ништо не е одлучено, конечниот победник ќе се знае на 8 мај

Avatar

Published

на

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на вечерашната прес-конференција порача дека по првиот круг се уште ништо не е одлучено и дека конечниот победник ќе се знае на 8 мај. Иако, како што кажа, резултатот е далеку од очекуваниот, од утре продолжува со средби со граѓаните, за да го промовира концептот во кој верува, а тоа е напредна, демократска, просперитена и европска Македонија.

„Од утре е нов ден, се разбира дека веќе од утре почнуваме со средби со граѓани кои ги практикувавме и досега. И тргаме практично од нула. Знаете, дека имаше седум кандидати како никогаш досега и веројатно тоа беше една од причините зошто гласовите се поделија на повеќе страни. И веројатно некој од кандидатите кои отпаднаа во првиот круг земаа дел од она што беше претпоставен електорат на првите два кандидати кои продолжуваат понатаму. Меѓутоа, повторувам, тргнувам од нула, тргнуваме од почеток. Од утре продолжуваме со средби со граѓаните и мојата задача ќе биде како и во изминативе 20 денови да го промовирам концептот во кој длабоко верувам. Тој концепт на држава која не е изолирана, држава која е интегрирана во Европа и држава која внатре нема поделби по било која основа, е моето животно кредо, мојата политичка филозофија која ја застапувам не само овие 20 дена во кампањата, и не само овие пет години во претседателскиот мандат, туку откако паметам за себе“ порача Пендаровски.

Тој ги охрабри граѓаните, на 8 мај уште помасовно да го поддржат неговиот концепт кој меѓу другото е концепт на обединување, без поделби на граѓаните по ниту една основа.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски ја продолжуваат трката за претседател

Avatar

Published

на

Мирно и без позначајни изборни проблеми помина првиот круг од претседателските избори, на кои според освоените гласови, за трка во вториот круг кој ќе се одржи на 8 мај, се пласираа кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, како и кандидатот поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски.

Гордана Силјановска – Давкова, со освоени 362.682 гласови (99,82% преброени) е во значителна предност пред Пендаровски.

Односно кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски вчера во првиот круг од претседателските избори освои 180.306 гласови (99,85% преброени), што е првпат во историјата на партијата да освои помалку од 200 илјади гласови на парламентарни и претседателски избори.

Според податоците на ДИК, Давкова на вчерашниот прв круг победи во 60 општини, а Бујар Османи со освоени 120.903 во 15. Понатаму, Пендарвски освои најмногу гласови во три општини, а Арбен Таравари со освоени 83.356 победи во општината каде што е градоначалник, како и Максим Димитриевски кој освои 83.787 победи во Куманова каде каде што е градоначалник. Кандидатот од Левица Билјана Ванковска освои 41.172 гласа. најмалку освоени гласови имаше Стевчо Јакимовски 8103 гласови.

Вториот круг од претседателските избори, како и парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај. Во вториот круг од претседателските избори одат Пендаровски и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова.

Најмногу гласови во прв круг од претседателски избори досега СДСМ има освоено за Киро Глигоров, кој освои 715.087 гласови во 1994 година резултат кој тешко дека некогаш ќе се повтори за некој кандидат за претседател.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април, од вечерва молк

Avatar

Published

на

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април. Вечерва на полноќ почнува молкот, што завршува на денот на гласањето во 19 часот. И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори на 8 мај ќе се одвива и нема да биде прекината.

Гласачите на седмите претседателски избори ќе можат да се определат за еден од седуммината кандидати за претседател. Кандидирани се актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ваковска поддржана од Левица, Максим Димитриевски – ЗНАМ, Стевчо Јакимовска – ГРОМ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи поддржан од Европскиот фронт.

Карактеристично за овие избори е што тие наместо во недела, ќе се спроведат во среда, ден што Владата го прогласи како неработен. Исто така, овие избори се поклопуваат со изборите за пратеници.

Вториот круг од претседателските избори, што е извесно дека ќе го има, ќе се поклопи со парламентарните избори на 8 мај, а гласачите кога ќе дојдат на избирачките места пред да ги добијат гласачките ливчиња, ќе треба да се изјаснат дали ќе гласаат за двата избори или не. Доколку не сакаат да гласаат на некој од изборите, нема да можат во текот на денот да се премислат и да се вратат на избирачкото место повторно и да гласаат.

За изборите за претседател во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 избирачи. Во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, додека во странство во ДКП-та или конзуларни канцеларии ќе гласаат 2.569 избирачи.

Утре ќе гласаат дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица.

Прочитај повеќе