Нов голем пакет економски мерки вреден 200
милиони евра, најави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес
конференција.
Солидарно и одговорно да помогнеме на работниците,
граѓаните, фирмите, рече Заевпритоа
спомнувајќи ѓи мерките кои ќе ги спроведе Владата.
– Минимална плата за април и мај, обезбедена од
државата, за секој работник во приватните фирми погодени од кризата.
-Месечна плата и за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот.
-Сите функционери и раководители одат на минимална плата.
– Сите вработени во јавен
сектор одат на минимална плата.
-Претседателите и членовите
на советите во општините, управни и надзорни одбори на јавни институции ќе
работат без надоместок.
-7.000 денари по домаќинство за
лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија.
– Се запира Законот за извршување
до крајот на јуни.
-Одложување на кредитите.
-Се ослободуваат од плаќање закуп
корисниците на социјалните станови.
-Дополнителни безкаматни кредити
за фирмите од нови 6 милиони евра.
-Нови 50 милиони евра евтини
кредити преку комерцијалните банки.
-Со уредба со законска сила ќе се
забрани фирмите да одат во стечај за време на кризата.
-Помош за медиумските работници и
медиумските куќи.
-Помош за спортистите и
уметниците.
– Поголема можност за
пензионерите, лицата со попреченост и бремените жени.