Connect with us

Економија

За секој работник во приватните фирми погодени од кризата, плата од државата

Avatar

Published

на

Нов голем пакет економски мерки вреден 200 милиони евра,  најави денеска  лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес конференција.

Солидарно и одговорно да помогнеме на работниците, граѓаните, фирмите, рече  Заевпритоа спомнувајќи ѓи мерките кои ќе ги спроведе Владата.

– Минимална плата за април и мај, обезбедена од државата, за секој работник во приватните фирми погодени од кризата.

 -Месечна плата и за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот.

-Сите функционери и раководители одат на минимална плата.

– Сите вработени во јавен сектор одат на минимална плата.

 -Претседателите и членовите на советите во општините, управни и надзорни одбори на јавни институции ќе работат без надоместок.

 -7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија.

– Се запира Законот за извршување до крајот на јуни.

-Одложување на кредитите.

 -Се ослободуваат од плаќање закуп корисниците на социјалните станови.

 -Дополнителни безкаматни кредити за фирмите од нови 6 милиони евра.

 -Нови 50 милиони евра евтини кредити преку комерцијалните банки.

 -Со уредба со законска сила ќе се забрани фирмите да одат во стечај за време на кризата.

 -Помош за медиумските работници и медиумските куќи.

 -Помош за спортистите и уметниците.

– Поголема можност за пензионерите, лицата со попреченост и бремените жени.

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе