Connect with us

Македонија

(Видео) Универзитетот „Гоце Делчев“ започна со предавања преку интернет

Avatar

Published

на

Поради настанатата ситуација со вирусот „Ковид 19“ Универзитетот „Гоце Делчев“ од вчера започна процес на интерактивни предавања преку интернет за своите студенти. Први започнаа факултетот за информатика, но во периодот кој следува ќе се вклучуваат сите факултети каде што тоа е изводливо. УГД долго време користи електронски платформи за комуникација и работа со студентите, па така ова не претставувало особен проблем стои во известувањето од УГД.

Прилагодувањето не беше проблем затоа што Универзитетот и досега користи многу е-платформи во наставата, како е-индекс, е-библиотека, е-учење и други.

Наставата се одвива преку две платформи, и тоа е-учење и Microsoft Teams. Сите потребни материјали се поставени на платформата е-учење, а за директна комуникација со студентите се користи Microsoft Teams.  

Со ова на студентите им овозможуваме да се продолжи со образовниот процес и во една ваква вонредна ситуација. Студентите добро го прифатија новиот начин на работа и се надеваме дека ситуацијата многу бргу ќе се врати во нормала и ќе можеме да продолжиме со наставата во предавалните, изјави проректорот за настава на УГД проф. Д-р Мишко Џидров.

              УГД ја користи платформата на Мајкрософт и нема потреба од никакви дополнителни ресурси. Се што треба е студентите да имаат интернет врска и било каков уред поврзан на интернет (телефон, таблет, лап топ или десктоп компјутер). Студентите за предавањето добиваат покани на нивната студентска пошта и линк на кој може да се поврзат. Настанот автоматски им се додава во календарот. Неколку минути пред почетокот им стигнува известување и ги потсетува за предавањето и потоа се вклучуваат сите. Процесот е многу едноставен, па се очекува до идната недела најголем дел од професорите да се вклучат во овој процес, велат од Факултетот за информатика на УГД.

              Алатката на Мајкрософт е бесплатна, а од Факултетот за информатика потенцираат дека таа можат да ја користат и други образовни институции и да го прилагодат наставниот процес многу бргу. Вчера првото предавање со 40 студенти поминало во најдобар ред, презентациите и комуникацијата течела без проблем што значи студентите во оваа новонастаната ситуација нема да загубат голем дел од своите предавања.

Пример од предавањето може да се види на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=6BN_vbbA1Jg

Избори 2024

Ванковска од Кавадарци: Подобра сум од противкандидатите затоа што сум единствена со програма, реформаторска и радикална

Avatar

Published

на

Претседателскиот кандидат на #Левица – Билјана Ванковска, вечерва ја продолжи својата предизборна кампања во Кавадарци и ја промовираше својата предизборна програма во Кавадарци, на народен митинг. Заедно со претседателот на #Левица – Димитар Апасиев и носителот во ИЕ 4 – Саше Јанчев, се обратија пред Кавадарчани и испратија моќни пораки.

„Мојата противкандидатка е постојано фаворизирана како иден претседател, а што ни нуди мојата колешка? Внесување на Бугарите во Устав со одложено дејство. Тоа е исто како да ви кажат, „ама вас нема да ве боли, ќе ги боли вашите деца“. Втор го фаворизираат Стево, кој се фали дека направил добра работа што не внел во НАТО, а што добро направил со тоа, освен да плаќаме за милитаризација. Сето ова што тие го нудат е сосема различно од мојата програма. Ние мора сите нив да ги расчистиме бидејќи се сијамски близнаци.

Јас ви ветувам дека 24 ќе го дочекам достоинствено, спокојно, мирно. Јас имам идеја, идеологија, меѓутоа битката ќе биде долга. А, дека ќе победиме, секако ќе победиме. Гледам дека „баукот“ на Левица се уште ги плаши луѓето иако интимно ја сакаат. Ние чекориме незапирливо. Црбвениот бран, цунамито, надоаѓа и нека му ја мислат. Ќе победиме”, порача Ванковска во својот говор.

Претседателот на Левица Димитар Апасиев се осврна на, како што рече, она што ни го продаваат како европски вредности. Кажа дека оваа Европа, ваква каква што е, нема никакви вредности. Истакна дека западните општества кои се декларираат како најдемократски, во моментов се општества на бездомници, општества со најголем број затвори и затвореници, општества со луѓе кои немаат здравствена заштита.

„Ова ли се тие општества кон кои ние стремиме? Ова ли се тие вредности? Само оној кој не гледа подалеку од носот, нема алтернатива”, истакна Апасиев.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитриевски од Прилеп: Нема да дозволам македонците да бидат граѓани од втор ред во својата држава

Avatar

Published

на

Од Прилеп ја испраќаме пораката за обединување! На Македонија и е потребна нова опција која ќе ги обедини сите граѓани и ќе работи исклучиво за граѓаните – таа опција е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, ова го истакна кандидатот за претседател Максим Димитриевски пред прилепчани.

-Затоа на следните избори СДСМ ќе изгуби, ВМРО-ДПМНЕ нема да победи, а Македонија ќе добие претседател што го обединува народот додаде Димитриевски.  

Тој притоа во својот говор меѓудругото рече: Нема да дозволам македонците да бидат граѓани од втор ред во својата држава, несакам да плаќам данок за Груби и Ахмети да играат фудбал во канцеларии финасирани од наши пари.

Носителот на кандидатска листа во ИЕ 4 Миле Цеков, кој во чекор го следи кандидатот за претседател Максим Димитриевски,  вели дека движејќи се насекаде низ Македонија овие денови, гледаат само црнила, граѓаните се се посиромашни и понесреќни.

„Драги пријатели после 30 години имате нова опција, Движењето ЗНАМ -За наша Македонија и Максим Димитриевски за претседател“ истакна Цеков во Прилеп.

 Тој додаде дека Македонија треба да биде самоодржлива земја и нулта толеранција за корупција, Македонија да биде мултиетничка држава но македонецот на прво место.

Претходно Движењето ЗНАМ го посетија и Демир Хисар и Кривогаштани.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Гордана Силјановска Давкова: До ѕидот на срамот сме доведени

Avatar

Published

на

Кандидатката за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ вечерва во обраќањето на митингот во Општина Карпош ги претстави насоките по кои ќе се раководи во извршувањето на функцијата доколку ја добие довербата од граѓаните. 

„Морам да ги охрабрам жените да се занимаваат со политика. Политиката е во женски род. Дури маж и жена прават човек, не смее Македонија да се откажува од 50 проценти ум, знаење, креација, посветеност како што сме посветени секаде, сигурно ќе бидеме посветени и во негувањето на Македонија, а таа ќе биде горда на нас и на вас сите“, рече Гордана Силајновска Давкова.

Таа рече дека за неа еден од најважните приоритети е доброто образование и оти нема подобра инвестиција од тоа.

„Мое решение – во претседателскиот кабинет и околу мене ќе формирам совет за млади. Доста со тезите дека на младите им припаѓа иднината. Младите мора и сегашноста да ја земат во своите раце. Една умна влада, а се надевам дека таква ќе биде бидејќи нема веќе избор – до ѕидот на срамот сме доведени зошто дијагнозата за нас како што гледате на Фридом хаус е што – цикличен хибриден режим, вртење во круг. На тоа мора да се стави крај и мораме да исчекориме“, рече Силјановска Давкова.

Прочитај повеќе