Connect with us

Македонија

Од сите нас зависи, дали ќе бидеме безбедни и здрави

Avatar

Published

на

Спасовски: Најважно е да се придржувате на препораките и на мерките за заштита и спречување на ширењето на вирусот.

Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство ќе ја спроведува забраната за излегување на населението од кризното подрачје, освен во случај на животозагрозувачка состојба со возило на Итната медицинска помош и со потврда од овластено лице од Министерството за здравствоз рече на денешната прес конференција претседателот на Владата Оливер Спасовски,  на која информираше за состојбата во општините Дебар и Центар Жупа по воведувањето на мерката кризна состојба во тој регион..
Министерството за внатрешни работи се грижи за контролата и регулирање на сообраќајот.
Дирекцијата за заштита и спасување ќе ја спроведуваат превентивно–епидемиолошката  мерка за дезинфекција на зафатеното подрачје, која е задолжителна на влезовите и на излезите од зафатеното подрачје.
Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и единиците на локалната самоуправа имаат задолжение да обезбедат услови за континуиран транспорт на намирници, енергенси и други потреби за граѓаните од општините од кризното подрачје.
Утврдени се и ќе бидат спроведени и многу други мерки и активности за справување за зајакнување на мерките за здравствена заштита и претпазливост од пренесување на вирусот по респираторен пат со задолжително користење на лична заштитна опрема.
Најважно е почитување на мерките донесени од Владата поврзани со забрана на собири, домашна изолација на контакти со иницирани и заболени лица, како и сите други препораки.
Воспоставен е организиран и институционален систем кој ќе ги покрие сите аспекти за згрижување на секој граѓанин во општините Дебар и Центар Жупа, потенцира Спасовски.

Сега е време да покажеме дека сме организирано општество. Општество кое има институционален одговор за оваа ситуација. 
Со постигнување на степен на најодговорно однесување на сите граѓани, на секој посебно и сите заедно, со неопходното ниво на максимална лична одговорност, организираност и дисциплинираност ќе ја надминеме оваа состојба ефикасно, успешно и за пократко време“ заврши Спасовски.

Избори 2024

Филипче: Денес ги продолжив средбите со граѓаните, јас никогаш не се откажувам

Avatar

Published

на

Носителот во ИЕ 4 од СДСМ, Венко Филипче, со објава на својот фб профил дека не се откажува и дека денеска продлжил со средби со граѓаните и поддржувачите.

„Разговаравме за резултатот на изборите кој беше под нашите очекувања. Природно е да се чуствуваме обесхрабрени при ваков резултат. Но, големината на еден човек, не се гледа во победите, туку во поразите. Пораката од граѓаните и од нашите поддржувачи кои не гласаа е јасна. Потребни се темелни промени со кои мора да се зафатиме веднаш после изборите. Но, сега е време за работа и воопшто не е сеедно колку пратеници ќе има СДСМ во идното Собрание“ вели Филипче во објавата.

„Имаме одлични кандидати кои ќе ги бранат интересите на граѓаните. Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, не сум се откажал. Ме охрабрува фактот дека активистите веќе се мобилизираат. Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри и верувам дека тоа ќе се случи. Да ги подигнеме главите и да продолжиме да се бориме за она во што веруваме“ додава Филипче.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Миле Цеков презентира дел од својата програма, врвен приоритет заштита на земјоделието

Avatar

Published

на

Врвен приоритет на Движењето Знам – за наша Македонија и на носителот во ИЕ 4, Миле Цеков ќе биде заштита на земјоделието, за што во програмата има предвидено повеќе мерки и програми:
– Загарантирани минимални откупни цени на земјоделските производи
– Заштита на домашно производство

– Приоритетно доделување државно земјиште на локалните фармери

-Забрана за пренамена на земјоделско земјиште за друга намена и слично.
„Во најголем фокус ќе биде ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ.
 НАШЕТО ЗЕМЈОДЕЛИЕ ТРЕБА  ДА БИДЕ ЗАШТИТЕНО! НАША ЦЕЛ СЕ БОГАТИ СЕЛА И СИЛНО ДОМАШНО ЗЕМЈОДЕЛИЕ!“ вели Миле Цеков при презентацијата на својата програма пред граѓаните.

Прочитај повеќе

Македонија

МФ за зголемувањето на цените на полисата за автоодговорност: Извршена е корекција на цената во делот на премија (режиски трошоци)

Avatar

Published

на

Осигурителните компании ја зголемија цените на полисата за автоодговорност за 15,4 отсто. Наместо досегашните 5.453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6.292 денари или 893 денари повеќе. Досега 6.166 денари чинеше полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7.115 денари.

Министерството за финансии во врска со оваа одлука вели:

„Министерството за финансии во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. При тоа заклучи во понеделник на нова седница да разгледа Извештај од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Истовремено, Министерството за финансии врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, која е регулатор на осигурителниот сектор, денеска се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување, а согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата“ соопштуваат од министерството. 

Имено, Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата на Република Македонија согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии, Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето,  е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Односно утврдување на премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што гг утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

„При тоа посочуваме дека техничката премија којашто е дел од премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата, останува непроменета. Со донесените одлуки од страна на осигурителните  друштва, кои се доставени до Агенцијата за супервизија на осигурувањето на  23 април 2024 година, а со примена од 25 април 2024 година, е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци)“ информираат од МФ.

„Министерството за финансии беше информирано во текот на вчерашниот ден од страна на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, како регулатор на осигурителниот пазар во земјата, дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до Агенцијата за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат“ стои во известувањето.

Прочитај повеќе