Connect with us

Македонија

Спроведена дезинфекција во институции на органите на управата

Avatar

Published

на

Специјално овластен оператор денеска спроведе дезинфекција во просториите на сите министерства, како и во органите на управата со најголема фреквенција на граѓаните со администрацијата.

Мерката за дезинфекција е извршена врз основа на заклучоците и препораките донесени од Владата и Министерството за здравство, за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од корона вирусот.

Дезинфекција се спроведе и во резиденцијалните објекти на Претседателот на државата и на Претседателот на Владата, во угостителските објекти на државните институции, во магацинските простории на општите служби, како и на возниот парк на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Оваа мерка, како и снабдувањето на институциите со средства за дезинфекција на раце, ќе продолжи и понатаму со цел спречување на ширењето, за превенција и за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните.

Македонија

ОМД и честита на првата жена Претседател на Македонија и ja поздрави употребата на правилното уставно име на државата

Avatar

Published

на

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечката организација што ја претставува македонската дијаспора ширум светот, со гордост и честита на професорката д-р Гордана Силјановска Давкова за нејзината значајна инаугурација, како прва жена претседател на Македонија.

„Претседателката Силјановска Давкова на историската церемонија го реафирмираше уставното име на нашата Македонија, потврдувајќи го основното право на Македонците на самоопределување. ОМД ја поздравува нејзината непоколеблива заложба за зачувување на нашиот национален идентитет и суверенитет, чувство што се повторува во нејзините обемни придонеси, вклучително и основниот труд „За „Договорот од Преспа“ и понатаму“, објавен од ОМД во октомври 2018 година, достапен на нашата веб-страница со кликнување овде.

Во оваа значајна пригода, додека го славиме Денот на мајката, ОМД упатува срдечни честитки не само до претседателката Силјановска Давкова, туку и до сите извонредни мајки ширум светот. Денешниот ден симболизира не само триумф на родовата еднаквост, туку и доказ за силата и издржливоста на жените лидери насекаде.

Историската победа на претседателката Силјановска Давкова означува ново поглавје во патувањето на Македонија, влевајќи надеж и оптимизам за посветла иднина. ОМД со нетрпение очекува да соработува со нејзината администрација за зајакнување на врските меѓу македонската дијаспора и нашата татковина, поттикнувајќи просперитет и напредок за генерациите што доаѓаат.

Додека ја славиме оваа значајна пригода, да ја потврдиме нашата посветеност на единството, напредокот и трајниот дух на македонскиот народ“, стои во соопштението од ОМД.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Демократски сојуз: Двојната победа е огромен предизвик

Avatar

Published

на

Демократски сојуз, претседaтелските и парламентарните избори ги оценува како фер и демократски. Пројавените нерегуларности треба да бидат предмет на работа на надлежните институции, велат од партијата.

„Двојната победа со која Гордана Силјановска Давкова стана првата жена претседател на Македонија и освоените 58 пратенички мандати на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, претставува огромна чест и доверба, но и одговорност и силен предизвик за ветените коренити реформи и зајакнување на темелите на Македонија, како демократска, суверена и модерна европска држава.

Дамка на целиот изборен процес со обиди за негово нарушување, посебно во текот на вчерашниот изборен ден, фрли водството на ДУИ, кое одлучи да ги бојкотира претседателските избори, со крајна цел Македонија да ја вовлече во политичка нестабилност, доколку успееше со бојкотот.

Пораката е јасна, граѓаните без разлика на политичката, етничката или верската припадност, гласаа за промени, за стабилна Македонија. ДУИ и СДСМ, граѓаните ги испратија во опозиција, со што се отвори патот за политичка, но и друг вид одговорност.

Победата е голема, а одговорноста е огромна“ стои во известувањето од Демократски сојуз.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Народот на Македонија се одважи и излезе масовно на гласање, за 20 дена нов состав на Собрание

Avatar

Published

на

Голем пораз на СДСМ на парламентарните и претседателски избори, а убедлива победа на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата. Но истовремено ова е лекција за останатите политички субјекти, граѓаните покажаа дека кога се работи за македонскиот интерес, тогаш народот се обединува и неправи компромис.

Според првичните резултати од вчерашните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница, од обработени над 99,27 проценти од гласовите, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 431.251 (43,23%) или 58 мандати во новиот собраниски состав од 120 члена, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 153.250 (15,36%) – 18 пратеници, Европски фронт на ДУИ 137.486 (13,78%) – 19 пратеници, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 106.991 (10,72%) – 13 мандати, Левица има 67.338 гласа (6,75%) – 6 пратеници, а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 55.539 (5,57%) – 6 пратеници. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат под еден процент гласови.

Во ИЕ 4, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со добиени 96.536 гласа би имала 13 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 41.962 гласа ќе има 5 мандати, додека Левица (12.427) и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (8.405) по еден пратеник.

Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.

Се гласаше согласно пропорционалниот модел во шест изборни единици. Гласање за парламентарните избори во дијаспората не се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Ова се 11-ти парламентарни избори од независноста на државата и седми претседателски.

Во согласност со Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори, а ќе ја свика претседателот на Собранието од претходниот состав.

Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

Во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои 308.632 гласа повеќе од противкандидатот Стево Пендаровски. Од обработени 99,09 отсто од избирачките места i 99.82 отсто обработени избирачи, за неа гласале 560.173 граѓани, а Пендаровски доби 251.541 глас.

Најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Силјановска Давкова. На 12 мај истекува мандатот на Стево Пендаровски.

Прочитај повеќе