Categories: Македонија

Уште четири нови случаи на коронавирус, бројката се искачи на 13

Кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, четири нови пациенти од Дебар позитивни на корона вирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, на заедничката прес конференција со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и со тоа вкупната бројка се зголеми на 13.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција изјави дека овие четири случаи се поврзани со брачната двојка од Дебар.

Јавното здравје е врвен приоритет и сите строго да ги почитуваат мерките, нагласи министерот за здравство Венко Филипче денеска во Владата и прогласи кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа. Министерот, повторно нагласи да се почитуваат препораките за заштита од коронавирусот.

Министерот Филипче уште информираше дека патник, кој пристигнал на скопскиот аеродром – наш државјанин од Германија, бил изолиран заради регистрирана лесно покачена температура. Земен е материјал за испитување и изолирани се дел од луѓето кои седеле околу него согласно препораките.


Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски упати апел во насока на мерките за превенција од ширење на корона вирусот, што ги презема Владата, сите граѓани кои имаат потреба од услуги или различен вид на консултации со државните институции, тоа да го прават по електронски пат.

На Клиниката за инфективни болести има вкупно девет пациенти, а првозаболената чии резултати се негативни ќе биде пуштена на домашно лекување.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

6 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago