Categories: Македонија

Двајца мигранти со украдено возило предизвикале сообраќајка

Двајца мигранти од Алжир со украдено возило, сакајќи да побегнат од полицијата предизвикале сообраќајка на една од  скопските улици.

Возилото марка ,,рено клио,,  мигрантите го украле синоќа во валандовското  село Градец, а потоа се упатиле кон главниот град.

Рано утрово, на булеварот Јане Сандански од страна на полициска патрола им бил даден знак за запирање, но наместо да застанат тие продолжиле кон железничката станица. Полицијата веднаш упатила дополнителни служби за да го запре возилото.

Бегајќи од полицијата, возилото удрило во патничко моторно возило “дачија дастер“, сопственост на МВР,  па продолжило  во правец кон населбата Керамидница.

 За кратко време  возачот изгубил контрола и удрил во бетонски жардињери по што запрел .

Совозачот поради телесните повреди од ударот останал во возилото а возачот  излегол  и скокнал во реката Вардар, а потоа и двајцата се  пренесени во Градската општа болница “8- ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Од МВР информираат дека работат на расчистување на случајот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago